Во иднина сите ќе вежбаме во виртуелна реалност (видео)

Во иднина очекувајте да имаме теретани кои функционираат на база на виртуелна реалност. Барем тоа е идејата на една компанија од Минхен.

idninata-na-vezbanjeto-dvizenje-niz-virtuelna-realnost-01.jpg

Компанијата „Icaros GmbH“ од Минхен, креираше гаџет кој ги комбинира фитнесот и компјутерските игри.

Нивниот гаџет вклучува машина, контролер и хедсет за виртуелна реалност, со кои се активираат сите мускули - од вратот до градите, рамениците, стомачните и бутовите.

Оној кој игра се претвора во пилот со помош на симулатор за летање, а движењето на леталото зависи од движењето на нозете и рацете со движење нанапред, наназад и на страна.

Виртуелниот фитнес систем моментално чини 7.900 евра.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава