Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 Тибетски вежби со кои ги вежбате сите мускули за 10 минути

Постојат комплексни и сложени тренинзи, но овој дефинитивно не е еден од нив.

5-tibetski-vezbi-so-koi-gi-vezbate-site-muskuli-za-10-minuti-001.jpg

Ако ја цените едноставноста на брзиот тренинг, тогаш испробајте го овој Тибетски тренинг уште денес.

Се состои од 5 вежби кои ги активираат сите мускули на телото без преголем напор.

1. Застанете исправено, со рацете раширени во висина на рамениците. Ротирајте го телото во движење на часовникот, па потоа обратно, колку повеќе можете.

5-tibetski-vezbi-so-koi-gi-vezbate-site-muskuli-za-10-minuti-01.jpg


2.
Легнете на под на грб. Максимално опуштете се. Кога ќе вдишете, кренете ги нозете нагоре додека не дојдат под агол од 90 степени со подот. За тоа време рацете треба да се залепени на земја, а главата исто така полека да се наклонува кон нозете.

5-tibetski-vezbi-so-koi-gi-vezbate-site-muskuli-za-10-minuti-02.jpg


3.
Клекнете на коленици и позиционирајте се како на илустрацијата. Грбот држете го исправен, а главата полека навалувајте ја нанапред додека не го допрете градниот кош. Рацете залепете ги за бутовите. Потоа како што полека почнувате да ја враќате главата наназад, рацете поместете ги на задникот. Вдишувајте и издишувајте гласно.

5-tibetski-vezbi-so-koi-gi-vezbate-site-muskuli-za-10-minuti-03.jpg


4.
Седнете на под со исправени нозе и тело под агол од 90 степени. Рацете стабилно потпрете ги покрај бутовите. Издишете. Додека вдушувате, подигнувајте го телото со свиткани коленици, како на илустрацијата.

5-tibetski-vezbi-so-koi-gi-vezbate-site-muskuli-za-10-minuti-04.jpg


5.
Потпрете се на рацете, а нозете не смее да ви се допираат до земјата. Држете се на стапалата. Исправете го грбот и издишете. Додека вдишувате, направете триаголник, односно кренете го задникот, потпрени на нозете и рацете.

5-tibetski-vezbi-so-koi-gi-vezbate-site-muskuli-za-10-minuti-05.jpg

Првата недела вежбите повторувајте ги по 3 пати.

Втората недела повторувајте ги по 5 пати, а третата недела по 7.

Понатаму бројката накачете ја до 21 повторувања.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 вежби за рамен стомак, за почетници (видео) Со само 10 минути на ден, мотивирајте се да почнете да вежбате и да стигнете до ...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
14 мажи кои направија импресивна трансформација на телото со вежбање „Се чувствувам многу подобро. И не сум полуден по здрав начин на живот, само веж...
Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg