4 добри причини да почнете да вежбате јога

 За придобивките на јогата се зборувало отсекогаш, но во последно време јогата е тренд што се практикува сé почесто.

4-dobri-prichini-da-pochnete-da-vezhbate-joga-1.jpg

Јогата е многу повеќе од сите оние фотографии на Инстаграм од згодни девојки во различни јога положби.

Во продолжение прочитајте неколку причини поради кои е добро да почнете да се занимавате со јога:

Добро расположение

Јогата поттикнува добро расположение. Со секое движење на телото се намалува стресот и се чувствувате одлично. Филозофијата на јогата е: Издиши ја целата негативна енергија, вдиши нова, свежа енергија за радост.

Здрав живот

Има неколку типови јога од кои секој може да си одбере која најмногу му одговара на телото. Нема натпреварување или прекумерно вежбање за постигнување инстант резултати, туку движења во хармонија со телото и во склад со нашите можности, но истовремено и оформување на телото и губење калории.

4-dobri-prichini-da-pochnete-da-vezhbate-joga-2.jpg

Подобрување на концентрацијата

Јога положбите не се толку едноставни колку што изгледаат на прв поглед. Потребна е силна концентрација и вежбање на умот да остане во таа позиција, без да мисли на други работи. Со правилно вежбање се учи како да останеме фокусирани и да не дозволиме умот да надвладее.

Зголемување на енергијата

Луѓето кои вежбаат јога наутро велат дека имаат многу повеќе енергија во текот на денот потребна за извршување на дневните обврски. Кога телото е во хармонија со умот, енергијата се зголемува и чувствуваме поголем елан.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава