Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кое е најдобро време за пливање, ако сакате да ги стопите масните наслаги?

Не бидете мрзеливи. Послушајте го овој совет и двојно ќе ви се исплати.

koe-e-najdobro-vreme-za-plivanje-ako-sakate-da-gi-stopite-masnite-naslagi-1.jpg

Активностите во вода се дефинитивно најдобрата летна вежба за тело. За да се пробие низ водата, телото мора да вложи допополнителен напор, при што се интензивира неговата активност, а со самото тоа и се троши повеќе енергија.

Дека пливањето е здраво, воопшто не мора ни да говориме. Но, ако сакате со пливањето да ги стопите масните наслаги, а со тоа и да им дадете шанса на мускулите да „избијат“ на површина, не е сеедно дали пливате навчер, напладне, или, пак, наутро. Едноставно – не е исто.

koe-e-najdobro-vreme-za-plivanje-ako-sakate-da-gi-stopite-masnite-naslagi-2_copy.jpg

Доколку сте вечерен пливач, тогаш пливањето сигурно ќе ви помогне да се ослободите од насобраниот дневен стрес и да го прочистите умот. Ако, пак, сте љубители на попладневното пливање, тоа дефинитивно ќе ви овозможи да ја одржите кондицијата и чувството на задоволство.

Но, доколку примарна цел ви е со пливањето да ослабете, тогаш најдоброто време, велат експертите, е да пливате наутро - и тоа барем еден час пред појадокот. Значи, во утринските часови, на празен стомак.

koe-e-najdobro-vreme-za-plivanje-ako-sakate-da-gi-stopite-masnite-naslagi-3.jpg

Замислете го ова одлично сценарио: вие пливате, а мастите се топат двојно побрзо, одошто би се топеле доколку пливате после јадење. Зошто? Затоа што на тој начин, вашиот организам нема да има друг избор, туку да ги троши резервите на масти, кои се главен виновник за дебелината.

А, покрај тоа што побрзо ќе ги троши масните, наталожени „резерви“, утринското пливање и дополнително ќе ви го забрза метаболизмот. Сѐ што ќе изедете подоцна, исто така, побрзо и поделотворно ќе се дигестира, па процесот на слабеење ќе трае уште долго по пливањето.

koe-e-najdobro-vreme-za-plivanje-ako-sakate-da-gi-stopite-masnite-naslagi-4.jpg

Воедно, со пливањето во раните утрински часови, ќе го отстраните стресот, порано ќе се разбудите и дадете шанса на телото да работи побрзо, подобро и појако. И не само тоа. Пливањето е навистина идеален спорт, бидејќи ги вклучува сите мускули на човечкото тело, така што истото во целост ќе се дефинира.

Потребна ли ви е уште некоја причина да се „фрлите“ на пливање? Дури и да не сте утрински тип, знајте дека летото не трае засекогаш, па би било навистина добро максимално да го искористите.

koe-e-najdobro-vreme-za-plivanje-ako-sakate-da-gi-stopite-masnite-naslagi-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 мажи кои направија импресивна трансформација на телото со вежбање „Се чувствувам многу подобро. И не сум полуден по здрав начин на живот, само веж...
Водич: Како да се вратите во форма за еден месец, само со пешачење? АКо се „улегнавте“ во летниот период, можете да се вратите во форма само со пеша...
Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од се...
Јога рутина за почетници: 10 вежби кои се прават на стол Иако се изведуваат без да станете од стол, овие јога вежби ќе ги истегнат сите п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg