8 вежби за истегнување кои може да ги правите без да станете од работното биро
Кога работите во канцеларија и по цел ден седите пред компјутер, веројатно и вие добивате желба малку да се истегнете и раздвижите.

Но, секако, во канцеларија пред колегите сигурно нема да шетате наоколу или да правите гимнастика.
Сепак, постојат неколку едноставни вежби кои можете да ги правите и без да станете од бирото и да се прекинувате со работата, а вашето тело нема да остане згрчено:
Истегнување на трицепсот
- Кренете ја едната рака и свиткајте ја во лактот како на сликата
- Со другата рака туркајте го лактот, а потоа сменете ги рацете

Наклонување на главата
- Седнете на столче и исправете го грбот
- Навалете ја главата на левата, па на десната страна, напред и назад
- Повторете неколкупати на сите 4 страни

Вртење на главата
- Свртете ја главата на левата страна колку што е можно повеќе
- Потоа свртете ја на десната страна
- Повторете неколкупати

Вртење на рамената
- Ставете ги дланките на рамената
- Вртете ги лактите нанапред
- Потоа повторете ги движењата во спротивна насока

Истегнување на градните мускули
- Испружете ги рацете на двете страни
- Соберете ги плешките туркајќи ги рацете наназад
- Повторете неколкупати

Тегнење нагоре
- Кренете ги рацете нагоре
- Држете го грбот исправен и тегнете ги рацете нагоре колку што можете
- Повторете неколкупати

Странично истегнување
- Кренете ја левата рака, а десната ставете ја на колкот
- Навалете го телото надесно и туркајте неколкупати
- Сменете ги рацете и повторете во спротивна насока

Вртење на телото
- Исправете ги рацете напред и вкрстете ги прстите на двете дланки
- Свртете го телото надесно, па потоа налево
- Повторете неколкупати

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“
„Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати?
Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...