Колку долго ќе ви треба за да симнете 5 kg, ако согорувате по 500 калории дневно?

Математички, ако согорувате 500 калории дневно, ќе ви требаат нешто повеќе од 2 месеци за да ослабнете околу 5 килограми. Сепак, согорување на калориите со вежбање е само еден од начините да се намали тежината, бидејќи еднакво важна е и здравата исхрана.

kolku-dolgo-ke-vi-treba-da-simnete-5-kg-ako-sogoruvate-po-500-kalorii-dnevno-001.jpg

* Секогаш консултирајте се со доктор пред да почнете да правите измени во вашата секојдневна исхрана.

Потребни се 3.500 дополнителни калории за да се нанесете на себе половина килограм маснотии. Маснотиите се симнуваат со креирање на негативен баланс на калории во организмот преку јадење помалку или преку согорување повеќе или преку двете истовремено.

Ако земеме дека 5 килограми сало содржат 35.000 калории, а вие согорувате по 500 калории дневно, математички кога ќе поделиме 35.000 со 500, би добиле решение дека за 70 дена ќе ги изгубите тие 5 килограми.

Кога слабеете пополека имате повеќе успех во одржување на тежината и се осигурувате дека нема да ја вратите килажата. Докторите препорачуваат вакво бавно слабеење бидејќи така сте посигурни дека губите маснотии, наместо мускулна маса и вода.

Слабеење само со помош на вежбање

Можете да слабеете и само преку редовно вежбање. Сепак, така можеби нема да губите онолку килограми колку што сте потрошиле при вежбањето.  Студија објавена во 2012 година истакнува дека луѓето не слабеат доволно кога само вежбаат без да направат промени во начинот на исхраната.

Заклучено е дека поради разни фактори кои го вклучуваат и метаболизмот и намалувањето на останатите активности надвор од вежбањето, луѓето не слабеат доволно бидејќи тежнеат да ги компензираат изгубените калории со јадење повеќе после вежбањето.

Менаџирање на калориите коишто сте ги внеле

Секако дека согорувањето на калориите е многу важно за слабеењето, но исто толку важно е и менаџирање на калориите коишто ги консумирате. Водењето на дневник за исхрана може да ви помогне да го следите дневното внесување на калории и да останете во рамките на калории потребни за постепено слабеење.

Користете ги етикетите на производите за да научите колку калории имаат порциите и така да ги броите калориите. Исто така, внесете во својата диета нискокалорични производи, како што се овошјето, зеленчуците, житарките и чистите протеини, за да може да ги сведете калориите на минимум.

Добро е да се знае дека растителните влакна во овошјето и зеленчукот се одлични за слабеење бидејќи прават да се чувствувате најадени, а да внесете помалку калории.

Позитивни аспекти на комбинирање диета со вежбање

Најефикасниот начин на слабеење е преку комбинација на диета со вежби. Потребен е голем труд за да се согорат 500 калории дневно. Личност од 70 kg треба да пешачи 90 минути со брзина од 6,5 km/h, да вежба 40 минути напорни аеробик вежби или да трча 30 минути со брзина од 13 km/h за да согори 500 калории.

Иако ова не е невозможно, сепак можете да си олесните себеси така што ќе го намалите дневното внесување на калории на 250 калории и ќе треба да согорите само 250 калории дневно. Така, личност од 70 kg може да согори 250 калории со 30 минути лесни аеробик вежби или пак со возење на ролери или вртење на статичен велосипед.

Како да го намалите внесувањето на калории?

Има повеќе начини како да го намалите дневниот внес до 250 калории. На пример, доколку наместо полномасно млеко ставите нискомаслено млеко во вашето кафе, можете да намалите скоро 20 калории.

Ако го намалите бројот на кафиња коишто ги пиете во денот исто така ќе намалите за 40 калории.

Заменете го попладневното грицкање благи работи со банана и можете да намалите скоро 200 калории.

За ручек плескавицата направете ја само со телешко месо и можете да намалите скоро 70 калории.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg