Се потите на почетокот на вежбањето: 6 знаци дека телото ви е во добра форма

Да се биде во добра физичка форма не е секогаш поврзано со вежбање. Не зависи од тоа колку километри можете да истрчате или колку минути можете да возите велосипед.

se-potite-na-pochetokot-na-vezhbanjeto-6-znaci-deka-teloto-vi-e-vo-dobra-forma-01.jpg

Добрата физичка форма зависи и од флексибилноста на телото, како и од многу други фактори. Затоа, не треба да се обесхрабрувате ако не можете да издржите повеќе од половина час во теретана, 3 пати неделно.

Следниве 6 знаци укажуваат дека телото сепак ви е во добра форма, иако можеби не мислите така:

Телото ви се движи лесно

Ако не чувствувате болка кога се движите, можете брзо и едноставно да станете после долго седење на стол, без да почувствувате болка во одреден ден, тоа значи дека сте во подобра форма отколку што мислите.

Истото важи и за долги прошетки или планинарење по лесни патеки. Ако немате потреба често да правите пауза, тоа е мал знак дека телото ви функционира правилно.

Се потите на почетокот од вежбањето

Многумина мислат дека ако почнат да се потат уште на почетокот на вежбањето, тоа значи дека имаат масти и не се во форма. Но, тоа е знак дека телото ви е навикнато на активност и брзо ја препознава.

Според некои истражувања, спортистите или луѓето кои редовно вежбаат се потат порано и повеќе во текот на одредена физичка активност, за разлика од оние кои се потат малку или воопшто.

Кога се истегнувате, можете да си ги дофатите стапалата

Флексибилноста на телото е многу важна, но често се занемарува бидејќи вниманието го посветувате на броење на изгубени калории или други навидум поважни нешта. Јога вежбите за истегнување ги одржува мускулите во правилна форма и спречува повреди и болки во телото.

Затоа треба да ги практикувате секој ден. А, ако можете да си ги дофатите прстите на нозете при истегнување, тоа е знак дека телото ви е добра форма.

se-potite-na-pochetokot-na-vezhbanjeto-6-znaci-deka-teloto-vi-e-vo-dobra-forma-02.jpg

Не сакате да седите цел ден

Сите знаеме дека седењето цел ден или голем дел од денот е многу штетно за телото. Колку подолго седите, толку е поголем ризикот од срцеви заболувања и други здравствени проблеми. Ако имате работа во која седите пред компјутер, многу е важно да станувате на секој час или два.

Ако свесно одбивате да стоите додека сте во автобус или додека правите нешто кое можете да го правите и седнати, тоа значи дека сте во добра физичка форма.

Спортот ви е забавен

Луѓето кои се во добра форма не го гледаат вежбањето и спортските активности како нешто што мора да го прават, туку како нешто во кое уживаат.

Ако спортот ви е хоби или слободното време сакате да го поминувате правејќи нешто поврзано со одредена физичка активност, без разлика дали сте слаби или не, тоа е знак дека сте во супер форма и ви годи ваков стил на живот.

Имате добро држење на телото

Доброто држење на телото значи дека телото е урамнотежено и флексибилно. Исто како флексибилноста, држењето е многу важно бидејќи спречува повреди во текот на вежбањето или извршувањето на било какви дневни обврски.

Ако немате проблем да одите исправено, значи дека мускулите ви се цврсти и сте во добра форма.

se-potite-na-pochetokot-na-vezhbanjeto-6-znaci-deka-teloto-vi-e-vo-dobra-forma-03.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg