Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Го подобрува сексуалниот живот: 7 причини зошто мажите да вежбаат јога

Јогата има многу позитивни придобивки кога станува збор за здравјето, изгледот, но и чувството кое го добиваме по вежбањето.

go-podobruva-seksualniot-zhivot-7-prichini-zoshto-mazhite-da-vezhbaat-joga-01.jpg

Сепак, и покрај големиот број придобивки кои важат за сите луѓе, постојат некои стереотипи и јогата повеќе ја практикуваат жените.

Момците пак, повеќе се посветени кон погрубите спортови или најчесто, теретана.

Но, времињата се менуваат и полека и мажите почнуваат да ги кршат бариерите и почнуваат да ги сфаќаат бенефитите од јогата, иако се тоа многу ретки случаи.

Секако, со сила ништо не може, но, ако и вие сте од оние мажи кои се двоумат на оваа тема, прочитајте ги следниве причини кои ќе ве охрабрат:

Ја зголемува вашата флексибилност

Да бидете флексибилни е важно на секоја возраст, а со стареењето тоа станува уште понеопходно. Треба да го одржувате телото и неговата подвижност во секој период од животот, дури и кога ќе бидете стари.

go-podobruva-seksualniot-zhivot-7-prichini-zoshto-mazhite-da-vezhbaat-joga-03.jpg

Го подобрува респираторното и срцевото здравје

Американското здружение за срце ја препорачува јогата за сите луѓе, а посебно за оние кои сакаат да ги избегнат и спречат срцевите проблеми.

Многу други професионалци советуваат и сметаат дека оние кои вежбаат јога водат здрав живот и ги спречуваат срцевите заболувања.

Им се спротивставува на негативните ефекти од другите физички активности

Мажите често сакаат груби и потешки спортови кои му создаваат многу напор на телото и најчесто го криват грбот на една страна. Јогата прави баланс и го исправува телото и 'рбетот.

Помага во губење тежина и ги тонира мускулите

Многумина мислат дека со јогата не се слабее, но според едно истражување од магазин за алтернативна медицина, покажано е дека мажите кои вежбале јога, изгубиле 2 килограми за 10 дена. Јогата го намалува нивото на кортизол, стрес хормон кој го поттикнува тeлото да таложи масти.

Ја ублажува хроничната болка во долниот дел на грбот

Оние кои имаат болки во грбот знаат дека чувството е ужасно и дека може навистина да ви предизвикува потешкотии, а исто така и го уништува сексуалниот живот.

Многу од момците често поминуваат време пред компјутер во седечка положба, а како резултат на тоа се појавуваат болките во грбот, кои јогата пак, ги ублажува.

Го намалува стресот, анксиозноста и депресијата

Во јогата се практикува комбинација на физички пози, контролирано дишење и техники за опуштање кои се покажале како ефективни за намалување на крвниот притисок и стабилизирање на пулсот, а двете работи се поврзани со стресот.

go-podobruva-seksualniot-zhivot-7-prichini-zoshto-mazhite-da-vezhbaat-joga-02.jpg

Го подобрува сексуалниот живот

Многу мажи кои се обидувале да го подобрат сексуалниот живот на различни начини, признале дека јогата најмногу им помогнала и за зголемување на либидото и за самите сексуални перформанси.

Во 2010-та истражување врз мажи од 24-60 години покажало дека јогата ги подобрува сите домени на сексуална функција, а техниките за дишење и концентрацијата кои се учат, им помагаат на мажите подобро да ја пренесат сексуалната енергија.

go-podobruva-seksualniot-zhivot-7-prichini-zoshto-mazhite-da-vezhbaat-joga-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 105kg и била на прагот да добие дијабетес – денес е бодибидерка: „Ослабев 50kg, се чувствувам ... „Успеав да го променам сопствениот живот на подобро и други жени може да го напр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg