Која е најдобрата вежба за забавување на процесот на стареење?

Во одреден момент од животот, на сите почнува да не ни се допаѓа сликата од нас која ја гледаме во огледалото.

koja-e-najdobrata-vezhba-za-zabavuvanje-na-procesot-na-stareenje-001.jpg

Едноставно, покажува премногу линии на лицето, сиви и бели влакна на косата и виснување на кожата.

Како повеќе стареат луѓето, така помалку се физички и ментално активни, а тоа е најголемата причина за забрзување на стареењето.

Но, ова сите го знаеме, важно е да се дознае како да се забави тој процес и кои активности помагаат во тоа.

Ново истражување, покажува дека повозрасните луѓе кои рутински прават физички вежби можат да го забават појавувањето на знаците на стареење на мозокот, а танцувањето како физичка активност се покажало како најефективно.

koja-e-najdobrata-vezhba-za-zabavuvanje-na-procesot-na-stareenje-01.jpg

Зошто танцувањето е најефективна вежба за мозокот?

„Вежбањето има корисен ефект во забавувањето и спротвставувањето на намалувањето на менталниот и физички капацитет кој е поврзан со стареењето“ – вели докторот кој го води истражувањето базирано во германскиот центар за невродегенеративни болести.

„Во ова истражување, покажуваме колку 2 различни типа на физички вежби (танцување и вежби од типот на трчање, пливање, велосипедизам) го зголемуваат делот во мозокот кој се намалува со стареењето. За споредба, само танцувањето водеше до забележителни бихејвиорални промени во однос на подобрен баланс.“

Разликата помеѓу двата типа на физичка активност и причината за тоа е тоа што танцувањето ги предизвикува луѓето постојано да учат нови движења и кореографии кои треба точно да ги запомнат.

Докторот објаснува: „Се обидовме оние на кои најдобро им одеше во групата да ги предизвикуваме постојано со различни типови на танц од различни жанрови кои се менуваа на секои 2 недели за постојано да ги одржуваме во процесот на учење. Најпредизвиквуачки аспект за нив беше да ги запомнат движењата под притисок за ограничен временски период без помош од инструкторот.“

Што да прават тие кои немаат дарба за танцување?

Наместо да се фокусирате на тоа колку чудно ќе изгледате, опуштете се и внесете се во музиката. Музиката сама по себе има терапевтски бенефити и дури и само нејзиното слушање го подобрува духот и прави да се чувствувате подобро.

Доколку ви е потребна инспирација, погледнете го ова видео од германски пар кој има околу 70 години што ќе ви покаже дека сѐ се може ако се сака:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg