Модел открива дека се чувствува подобро откако се здебелила за 5 броја

Во денешно време, насекаде, а посебно по социјалните мрежи сме принудени постојано да ги гледаме среќните приказни на жените кои успеале да ослабат и да ја постигнат идеалната тежина.

model-otkriva-deka-se-chuvstvuva-podobro-otkako-se-zdebelila-za-5-broja-01.jpg

Но, додека повеќето го слават тоа достигнување (заради изглед и здравје), некаде постојат и такви жени кои ги исполнува спротивното.

La’Tecia Thomas е 26-годишен модел од Австралија која голем дел од младоста поминала во броење калории и била опседната со бројката на вагата.

Таа вежбала 3 часа на ден и држела строги диети за да биде постојано во топ форма.

Но, оваа опседнатост во тој период не ја правела воопшто среќна и признава дека дури и со тој изглед имала несигурности, па одлучила да направи промени.

На нејзиниот Инстаграм профил таа објавила пред и потоа фотка, од кога била слаба и во одлична форма и потоа откако се здебелила.

Свесна е дека многумина би рекле дека изгледа подобро на првата слика, но таа решила да го прави тоа што неа ја прави среќна.

Пред неколку години моделот се одлучил за побалансиран животен стил и полека почнувала да накачува килограми и стигнала до големина на облека 5 броја поголема од онаа која ја носела претходно.

И верувале или не, таа е посреќна од било кога. Сега работи како плус-сајз модел во Лос Анџелес и за оваа промена го кажува следново:

„Моето тело ја пронајде својата златна средина. Уште вежбам, но не сум опседната со бројки и не тренирам 3 часа на ден. Сега живеам побалансиран живот и мојот ум е на среќно место, а тоа е најважно. Се научив да се сакам и да се прифатам себеси.“

Очекувано, сега таа е мета на критики од аспект на дебелината и многумина велат дека изгледала многу подобро порано, но успева да се справи со ова така што се опкружува само со позитивни луѓе.  

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава