5 едноставни вежби за грб кои ќе ви дадат чувство како да сте имале масажа

Вкочанетоста во грбот ќе исчезне само со дваесетина минути посветени на овие вежби. Потребна ви е само една столица.

5-ednostavno-vezbi-za-grb-koi-kje-vi-dadat-chuvstvo-kako-da-ste-imale-masaza-01.jpg

Ако седите на работното место во фотелја по 8 часа на ден, тогаш голема е веројатноста да се соочувате со непријатност во грбот, болка и мускулна згрченост.

Доколку немате време за посета на пилатес и јога часови, како и масажи, тогаш овие 5 вежби се совршеното решение за вас:

Крилја на пеперутка

Седнете на крајот од столицата со исправен грб. Нозете нека ви бидат во линија со рамениците и стапалата комплетно на подот.

Ставете ги дланките на главата, а лактите убаво раширете ги. При вдишувањето, туркајте ги градите нанапред, а при издишувањето вратете се во стартната позиција на седење и раширете ги рацете.

5-ednostavno-vezbi-za-grb-koi-kje-vi-dadat-chuvstvo-kako-da-ste-imale-masaza-02.jpg

Мачкин грб

Седнете на столицата како во првата вежба и дланките ставете ги на колената.

При вдишувањето максимално истегнете го грбот нанадвор, а рамениците нанапред. При издишувањето направете го спротивното со истегнување на рамениците наназад.

5-ednostavno-vezbi-za-grb-koi-kje-vi-dadat-chuvstvo-kako-da-ste-imale-masaza-03.jpg

Јаже

Седнете исправено на страна на столицата (како на фотографијата).

Вдишете, а при издишувањето свртете ги рамениците на другата страна, обидувајќи се да го одржувате торзото непоместено.

Останете во ова позиција 30 секунди, вратете се назад и одново почнете. Потоа, од другата страна.

5-ednostavno-vezbi-za-grb-koi-kje-vi-dadat-chuvstvo-kako-da-ste-imale-masaza-04.jpg

Балерина

Седнете со прав грб потпрени на столицата.

Со едната рака фатете се за столицата, релаксирајте го рамото да потоне, а кренете ја другата рака и туркајте на спротивната страна. Ќе почувствувате како мускулите ви се затегнуваат. Внимавајте да не го поместувате телото напред или назад и повторете на другата страна.

5-ednostavno-vezbi-za-grb-koi-kje-vi-dadat-chuvstvo-kako-da-ste-imale-masaza-05.jpg

Птица

Седнете и прекрстете ја ногата така што глуждот на една нога ќе ви биде на коленото од другата.

Туркајте го телото напред и ќе почувствувате како градите ви се „отвораат“. Задолжително грбот нека ви биде прав. Позиционирајте се најдолу што можете и останете така 30 секунди, а потоа сменете ја ногата.

5-ednostavno-vezbi-za-grb-koi-kje-vi-dadat-chuvstvo-kako-da-ste-imale-masaza-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg