Ефективни трикови кои ќе ви помогнат да се држите до планот и да не прескокнете тренинг
Не го прескокнувајте загревањето и истегнувањето на крај
За да се чувствувате полни со енергија, но и за да не се повредите или да имате болки, не заборавајте дека загревањето пред тренинг и истегнувањето на крајот од истиот се неопходни.
Наградете се
Неодамнешни истражувања покажуваат дека луѓето ги достигнуваат полесно целите поврзани со физичка активност, ако си дадат мотив.
Затоа, почестете се за резултатите без грижа на совест, независно дали тоа ќе биде со парче гардероба со помал конфекциски број, или пак, со некое слатко задоволство, но нека биде мало и не полно со калории.
Најдете си друштво
Секогаш е подобро кога имате друштво за физичките активности, но не за да си муабетите додека вежбате, туку за заедно да си бидете мотивација и да се терате секојпат кога едниот ќе почне да „забушава“.
Направете го навика
Најдобар начин за да не се откажете од вежбањето, е тоа да ви стане хоби, а не обврска.
Ако сфатите дека трчањето наутро ви годи, претворете го во рутина. Ако гледате дека вежбањето е здраво за вас, никогаш нема да ви биде тешко да отидете до теретана.
М. М. | Црнобело