Ефективни трикови кои ќе ви помогнат да се држите до планот и да не прескокнете тренинг
Во одреден период, посебно кога ќе затопли, сите решаваме да го подготвуваме телото за лето.
Правиме планови за вежбање, почнуваме нови диети и си ветуваме многу работи, но колку од нив ги исполнуваме?
Многу често се случува сите овие да се празни ветувања и после краток период да се откажеме од планот.
Кога станува збор за здравјето никој не треба да се откажува, па за да ве држи подолго мотивацијата, искористете неколку трикови:
Поставете си реални цели
Пред да започнете со рутината, размислете на вашите цели. Неопходно е да сфатите што сакате да постигнете, но нека биде нешто достижно.
Почнете со малку
Колку е поамбициозна и поголема одеднаш целта, толку се поголеми шансите да се откажете.
Почнете чекор по чекор и не се форсирајте уште од почетокот. Почнете со поедноставни вежби и со пократко траење на тренинзите, па постепено зголемувајте.
Најдете вежби во кои ќе уживате
По вежбањето, телото испушта ендорфин, хормон на среќа или добро чувство.
Но, ако после секој тренинг се чувствувате истоштено и немате волја за ништо, тогаш треба да ја најдете физичката активност која ќе прави да уживате и да се чувствувате исполнето по вежбањето.
Водете дневник
Според истражувањата се препорачува да ги забележувате вашите резултати од вежбањето и губењето тежина за да ви бидат повидливи резултатите.
Пребродете ја третата недела
Според истражувањата, луѓето најчесто се откажуваат од плановите кои ги прават и целите кои ги имаат, околу третата недела.
Запомнете го ова и следниот пат кога ќе сакате да прескокнете тренинг во овој период, останете си на ветувањето и натерајте се да отидете.
Преживејте ги првите 3 недели и потоа ќе биде многу полесно.