Невообичаени и интересни спортско-рекреативни активности за сечиј вкус

Спортувањето е дел од здравиот живот кој зема сѐ поголем замав кај младите. Било каква физичка активност е одлична за вашето здравје и тело, меѓутоа што да се прави кога не ве интересираат класичните спортски активности?

nevoobichaeni-i-interesni-sportsko-rekreativni-aktivnosti-za-sechij-vkus-01.jpg 

Доколку сметате дека трчањето на кеј, одењето во фитнес центар, планинарењето или спортовите со топка не се за вас, можеби е време да им дадете шанса на алтернативните рекреативни активности кои се толку забавни што ќе заборавите дека вршите физичка активност.

Следните три предлози сигурно ќе ви овозможат динамична забава без да морате да го напуштите Скопје, или пак кога сте во посета на Скопје.

Ароу таг 

Ова е најновата атракција во Македонија, а се состои од стрелање со лак и стрели. Принципот на играта е сличен на „Народна“ или „Доџбол“ како што го викаат Американците, меѓутоа наместо со топка, се гаѓате со сунѓерести стрели.

Не грижете се, сосема е безбедно и безболно, затоа што единственото место што може да ве заболи (лицето) ви е заштитено со маска.

Се игра во затворен простор, натпреварувачите се поделени во 2 групи, и целта е да се „отстранат“ сите противнички играчи. Во средината на салата има мети, кои доколку ги погодите, можете да вратите во живот еден од вашите соиграчи.

Поради динамиката и постојаното клекнување и станување, како и затегањето на самиот лак, оваа активност е одлична за грбните мускули, бутовите и листовите.

nevoobichaeni-i-interesni-sportsko-rekreativni-aktivnosti-za-sechij-vkus-002.JPEG

Ласертаг

Доколку вашето детство сте го поминале со играта Counter Strike, тогаш оваа активност е совршена за вас. Се игра на отворено, секој од играчите носи сензор на главата и пушка, која што има ограничена муниција.

Има два тима, и целта е да се елиминираат сите противници. Пушките работат преку сензори, и кога ќе ве погоди некој, самата пушка го сигнализира тоа.

Теренот има многу места за криење, и потсетува на легендарната мапа „cs_casa“. Сосема е безбедно и безболно, поради тоа што нема директен контакт. За да победите потребно е да сте во постојано движење и да знаете добро да се сокриете.

Поради тоа, оваа активност е одлична за вашите нозе. За фановите на серијата „How I met your mother“, има и Ласерхант (Ласертаг во затворена просторија), кој е идентичен на оној кој се игра во серијата.

аа2.jpg

Пеинтбол

За разлика од претходните две активности, оваа активност е малку поболна, па затоа и бара повеќе да се движите. Има два тима, и целта е да ги „елиминирате“ противниците, меѓутоа имате ограничен број на „куршуми“ кои можете да ги испукате.

Притоа, ова е единствената активност каде што сте целосно опремени и заштитени. Исто како и Ласертаг, и оваа игра е инспирирана од Counter Strike, и се игра на сличен принцип.

Поради постојаното трчање и избегнување на куршуми, оваа активност е одлична за вашите нозе, и нуди „очеличување“ на вашето тело.

aa3.jpg

Како за крај, мора да напоменам дека која активност и да ја одберете, загарантирани ви се забава и убаво поминато време.

Сите други активности кои сметате дека треба да бидат на листава, слободно пишете ги во коментар.

Н. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава