Лесни вежби за болки во грбот кои ќе ви одземат минимално време

Со оглед на тоа што повеќето луѓе поголемиот дел од денот го поминуваат во седечка положба, речиси сите од нив имаат проблеми со грбот.

lesni-vezhbi-za-bolki-vo-grbot-koi-kje-vi-odzemat-minimalno-vreme-01.jpg

Независно на која возраст сте, сигурно некогаш сте искусиле непријатно чувство и болка во долниот дел на грбот.

Па затоа, кога не може да ја промениме работата, може барем да се промени начинот на живот и да внесеме неколку вежби плус во текот на денот.

Со овие вежби за истегнување ќе се справите полесно со болката и полесно ќе ја издржите седечката положба во работните часови:

Вежба 1

Застанете со нозете и рацете потпрени на земја и истегнете ги рацете пред вас. Нежно наведнувајте ги бутовите кон стапалата.

Ставете ја главата на подот и туркајте ги дланките нанапред додека целосно не се истегнат. Останете во оваа положба 30 секунди.

lesni-vezhbi-za-bolki-vo-grbot-koi-kje-vi-odzemat-minimalno-vreme-02.jpg

Вежба 2

Легнете на грб и свиткајте ги нозете во колената на десно, а рацете ставете ги покрај глава.

Левата нога треба да ви биде допрена до подот, а десниот глужд да биде над левото колено, како на сликата.

Навалете го десното колено кон подот и останете во оваа положба 30 секунди, па сменете страна.

lesni-vezhbi-za-bolki-vo-grbot-koi-kje-vi-odzemat-minimalno-vreme-03.jpg

Вежба 3

Застанете на земја на колена и направете исчекор со десната нога нанапред , потпирајќи се на рацете. Притоа, десната рака треба да биде од левата страна на десното стапало.

Без да ги мрдате рацете, правете нежни движења со колковите нанапред, за да го истегнете што повеќе делот околу бутовите и останете во оваа положба 30 секунди. Повторете со другата нога.

lesni-vezhbi-za-bolki-vo-grbot-koi-kje-vi-odzemat-minimalno-vreme04.jpg

Вежба 4

Раширете ги нозете и стапалата насочете ги настрана. Со исправен грб, спуштете се надолу со нозете, а рамената навалете ги малку нанапред.

Со издишување, одете полека надолу како да седнувате на столче и останете во оваа положба 30 секунди.

lesni-vezhbi-za-bolki-vo-grbot-koi-kje-vi-odzemat-minimalno-vreme-06.jpg

Вежба 5

Раширете ги нозете, а стапалата поставете ги право. Полека издишувајте и наведнувајте се надолу, така што грбот ќе ви остане исправен, а колената нежно свиткани.

Релаксирајте се и останете во оваа положба 30 секунди, а потоа полека кренете се нагоре.

lesni-vezhbi-za-bolki-vo-grbot-koi-kje-vi-odzemat-minimalno-vreme-07.jpg

Вежба 6

Легнете на земја и свиткајте ги нозете во колената, носејќи ги кон градите. Фатете ги надворешните страни на стапалата и полека кренете ги колената, така што ќе ги ширите кон надворешните страни.

Останете во оваа положба 30 секунди.

lesni-vezhbi-za-bolki-vo-grbot-koi-kje-vi-odzemat-minimalno-vreme-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg