Што е најдобро да пиете по напорниот тренинг?

Иако на памет ви паѓаат одговори од типот на електролити, спортски енергизирачки пијалаци или хранливи шејкови, одговорот е далеку поедноставен од што замислувате.

shto-e-najdobro-da-piete-po-naporen-trening-001.jpg

Според едно опширно истражување во кое биле вклучени медицински школи од Канада и Иран, најдобар пијалак за после вежбање е чоколадното млеко.

Благодарение на него, надоместувате млечни киселини, шеќери, протеини, масти и електролити, многу поефикасно отколку кој било спортски пијалак.

Една чаша чоколадно млеко по вежбање ќе воспостави правилен ритам на работата на срцето, кое поради тренингот чука забрзано.

shto-e-najdobro-da-piete-po-naporen-trening-2.JPG

За време на изработувањето на студијата биле набљудувани 150 учесници кои пиеле чоколадно млеко по тренинг. Нив им биле контролирани параметри како пулсот, уморот и количините млечна киселина во телото.

Кај сите било забележано дека побрзо им се враќа енергијата и дека полесно се ослободуваат од уморот.

Причините зошто тоа се случува треба дополнително да се истражуваат, но првичната претпоставка е дека сè се должи на комбинацијата на протеини, шеќери, млечни масти, електролити и одредени витамини. И што е најважно, чоколадното млеко е далеку поевтина опција отколку специјалните комерцијални спортски пијалаци.

Но, чоколадното млеко не е единствено кое помага во овие ситуации. Можете да се обидете и со бистра топла супа со тестенини. Ќе добиете сличен ефект.

Она што не смеете да го заборавите е да пиете доволно вода за да надоместите за изгубената течност преку потењето за време на тренингот.

shto-e-najdobro-da-piete-po-naporen-trening-3.png

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава