Дали трудниците смее да вежбаат во теретана?

Постои аеробик во вода, јога и посебни вежби за бремени жени, но дали и теретаната е добар избор? Возможно ли е да се вежба фитнес и да се креваат тегови за време на бременоста? Смее ли трудницата да се качи на велосипед, степер или орбитрек?

dali-trudnicite-smee-da-vezhbaat-vo-teretana-1.png

На прашањето дали за бремените жени е сигурно да вежбаaт и креват тегови во теретана, одговорот го даде гинекологот Петра Подобник Брлечиќ, појаснувајќи какви вежби (не) им се препорачливи на трудниците.

dali-trudnicite-smee-da-vezhbaat-vo-teretana-2.jpg

Во текот на уредната бременост, којашто нема никакви ризици, ниту компликации, секако дека се препорачува телесна активност. Меѓутоа, истата мора да биде соодветна за фазата на бременоста.

dali-trudnicite-smee-da-vezhbaat-vo-teretana-3.jpg

Вежбањето кое е прилагодено на трудниците, претставува најдобрата опција за мнозинството бремени жени, затоа што е умерено и концентрирано на групата мускули кои е дозволено да се тренираат во текот на бременоста.

dali-trudnicite-smee-da-vezhbaat-vo-teretana-4.jpg

На жените кои активно се занимаваат со спорт, или, пак, претставуваат професионални спортистки, најтешко им паѓа прекинот на вообичаените физички активности во деветте месеци.

dali-trudnicite-smee-da-vezhbaat-vo-teretana-5.jpg

Можно е да продолжите со истите активности и во текот на бременоста. Секако, со одобрение од докторот што ја следи бременоста, доколку се утврди дека вежбањето не го загрозува вашето и здравјето на бебето во утробата.

dali-trudnicite-smee-da-vezhbaat-vo-teretana-6.jpg

Аеробните вежби, како што се орбитрекот, степерот и велосипедот се дозволени, но во понапредната бременост ќе ви бидат по малку отежнати, пред сѐ поради големината на стомакот (барем на велосипедот).

dali-trudnicite-smee-da-vezhbaat-vo-teretana-7.jpg

Не се препорачуваат никакви вежби за стомачните мускули, ниту пак кревањето тегови.

dali-trudnicite-smee-da-vezhbaat-vo-teretana-8.jpg

Генерално во бременоста не се советува кревање на тежина поголема од 10 килограми, па дури и тоа е само во случаи на крајна нужда (обично кога трудниците мора да ги носат своите помали деца во раце).

dali-trudnicite-smee-da-vezhbaat-vo-teretana-9.png

Слушајте го своето тело. Ако добро се чувствувате, тогаш нема причина да не вежбате, само поумерено од порано.

М. А.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава