Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Колку време по породувањето не треба да вежбате?

Новопечените мајки не треба веднаш по породувањето да почнат да вежбаат, без разлика колку и да се чувствуваат подготвени и способни за тоа.

kolku-vreme-posle-poroduvanjeto-ne-treba-da-vezhbate-01.jpg

Гинеколозите и фитнес-инструкторите предупредуваат дека жените, поради преголема желба за поскоро да си ја вратат старата фигура, пребрзо по породувањето се враќаат на вежбањето.

Со тоа го изложуваат својот ослабен стомак и карличните мускули на опасност. Затоа предупредуваат жените да почекаат најмалку шест месеци од породувањето пред да почнат да трчаат или интензивно да вежбаат.

Познатите мајки својата постпородилна витка линија често ја прикажуваат на социјалните мрежи само неколку недели после породувањето.

Тоа доведува жените да бидат под сè поголем стрес и да се стремат што побрзо да ја вратат својата фигура или барем приближната тежина што ја имале пред да останат бремени.

Поради тоа прават склекови, стомачни и слични вежби, кои можат да влошат одредени состојби кои веќе настанале како последица на бременоста, на пример раздвојување на стомачните мускули.

Проблемот е во тоа што кај многу жени нема очигледни симптоми за внатрешните оштетувања од бременоста и породувањето, па тие се чувствуваат подготвени да се ослободат од опуштениот стомак и вишокот килограми.

Многу жени не сфаќаат колку се опасни последиците, доколку не му дозволат на своето тело да закрепне по породувањето.

Голем број фитнес-инструктори и физиотерапевти предупредуваат дека напорното вежбање кратко по породувањето ги изложува карличните мускули на голем притисок. Бидејќи тие веќе се слаби и опуштени, може да дојде до сосема спротивен ефект од оној кој би го имале доколку жената не била бремена неодамна.

Секоја бременост, без оглед на тоа дали жената е породена природно или со царски рез, предизвикува притисок на карличните мускули и потенцијално ги оштетува.

Поради тоа, во првите 6 месеци по породувањето, држете се до лесните прошетки сами, или со вашето бебе. 

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
10 вежби за рамен стомак, за почетници (видео) Со само 10 минути на ден, мотивирајте се да почнете да вежбате и да стигнете до ...
Евгенија Колев со совети за мајките кои немаат време за фитнес: „Со децата секоја игра може да се пр... „Како мајка на две деца, знам колку е тешко да се најде време за себе. Поме...
8 вежби за стомачни мускули за кои не мора да легнувате на под (и не ви треба опрема) Ако не ги сакате класичните вежби за стомачни мускули, постојат исто ефикасни ве...
6 утрински вежби што ќе ви дадат енергија (се прават и во кревет) Ако немате многу време (или енергија) за вежбање, сигурно можете да одвоите 10-т...
Пилатес вежби за почетници што ќе ви го обликуваат телото (како цел живот да вежбате) Ако поради која било причина не ви се оди во теретана, пилатес вежбите се одличе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg