Стомачни мускули и пливање: Колку долго треба да пливате ако сакате рамен стомак?

Иако пливањето можеби не е првиот спорт на којшто ќе ви текне кога ќе посакате да се ослободите од масните наслаги на стомакот, можеби сепак треба да го имате предвид.

Kolku-dolgo-treba-da-plivate-ako-sakate-ramen-stomak-01.jpg

Имено, ниедна друга вежба нема истовремено да ги согори калориите, да го забрза метаболизмот и да го зацврсти секој мускул на нашето тело. Еден час лесно пливање согорува околу 500 калории, додека пак интензивното пливање како краул или грбно пливање, може да согори и до 700 калории.

Тајната е во тоа што водата е дури 800 пати потешка од воздухот, па така во неа делува силата на отпорот.

Отпорот им дејствува од сите насоки на нашите мускули, а истовремено водата ги релаксира мускулите и зглобовите, што не е случај со речиси ниту една вежба надвор од вода. Токму затоа ова е најдобрата вежба за секого.

Кога носиме одлука за пливањето како начин на рекреација, дури и после враќањето од одморот покрај вода, треба да имаме на ум како да му пристапиме. Погрешно е наеднаш да се фрлиме интензивно на пливање и да очекуваме дека уште првиот ден ќе можеме да испливаме еден час.

Имено, после само 4 минути пливање повеќето луѓе веќе се чувствуваат исцрпено.

Тоа се случува поради фактот што нашите бели дробови мораат да се приспособат на новиот начин на дишење, кардиоваскуларниот систем работи на потполно друг начин, а за движење во вода потребен ни е секој мускул.

Затоа треба да се движиме постапно, што пак долгорочно ќе го доведе нашето тело во совршена форма, а масните наслаги на стомакот ќе станат минато.

Пред сè проценете ја вашата моментална состојба. Дури и ако сте сосема просечен пливач, и тоа како можете да ги намалите масните наслаги, но внимавајте на тоа вашето време поминато во вода навистина да го продолжувате етапно.

Пред да започнете со пливање мора да ги загреете мускулите. Така ќе ги подготвите за зголемената циркулација на крвта во целото тело којашто ги очекува во текот на пливањето. Тоа може да го направите со одење во поплитка вода, а оние повештите можат и да практикуваат јога во вода.

Штом еднаш ќе влезете во вода, потребно е да пливате барем 30 минути како би можело вежбањето во период од неколку недели да вроди со плод.

Но, не заборавајте да правите паузи и да ги менувате стиловите на пливање за да си олесните. Најпосле, топењето на масните наслаги зависи од постојаното движење при отпор, а не од видот на вежбата којашто ја изведувате.

Откако ќе завршите со пливањето треба полека да излезете од вода, за да може телото да се приспособи на новите услови и да се намали брзината на работата на срцето.

За најдобри резултати потребно е пливањето да се комбинира со здрава исхрана, односно со што помало внесување на заситени масти за да се зголеми потенцијалот за согорување калории.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg