Баланс, енергија, медитација: Кои се придобивките од вежбите чи-гонг?

Терминот „чи-гонг“ во буквална смисла значи култивација на животната енергија.

balans-energija-meditacija-koi-se-pridobivkite-od-vezhbite-chi-gong-01.jpg

Се работи за холистички систем од координирани движења, дишење и медитација и е честа практика и при тренирање боречки вештини. Потекнува од кинеската традиционална медицина и филозофија.

Најчесто се изведува во природа, со лицето и телото свртени кон сонцето.

Изведувањето на чи-гонг вежбите не одзема повеќе од 20 минути дневно, а помага да се наполните со доволно енергија и да се сплотите со природата и да се релаксирате во исто време.

Според традиционалните кинески верувања, на овој начин се воспоставува баланс меѓу телото и духот, а сите органи работат во хармонија. Со самото тоа што се изведува гледајќи во утринските сончеви зраци, се верува дека ги ослободува сите ментални и физички блокади во телото.

balans-energija-meditacija-koi-se-pridobivkite-od-vezhbite-chi-gong-02.jpg

По напорниот тренинг на боречка вештина, чи-гонг е идеален систем кој помага да се изборите со уморот и да ги смирите дишењето и мислите. Вообичаено, практика на секоја боречка вештина е оние кои ја вежбаат да го завршуваат тренингот смирени и со правилно дишење.

Сепак, не мора да се занимавате со тоа за да практикувате чи-гонг.

Следете ги чекорите од следното видео и обидете се и сами да ги применувате овие одлични вежби:

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава