Што се случува со вашето тело кога престанувате да вежбате или спортувате?


Што се случува со вашето тело кога престанувате да вежбате или спортувате?

Денешното динамично секојдневие може да биде вистинска пречка за редовното спортување и одржување на кондицијата. Но, тоа не значи дека треба целосно да се откажете од активност.

shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-koga-prestanuvate-da-vezhbate-ili-sportuvate-01.jpg

Ако редовно сте спортувале, наглото откажување од тренинзите или правењето подолга пауза веднаш ќе се одрази на вашето тело.

Иако вам ви се чини незначајно, еве што всушност се случува со телото откако ќе престанете со тренинзи:

По 10 денови се менува мозочната активност

Редовното спортување или каков било облик на физичка активност има позитивни ефекти на целиот нервен систем, особено на памтењето.

Пауза во тренингот макар и на 10 денови ја менува работата на мозокот, особено во делот одговорен за памтење и емоции.

shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-koga-prestanuvate-da-vezhbate-ili-sportuvate-02.jpg

По две недели без спорт

По само 14 денови без физичка активност ќе забележите дека потешко се качувате по скали, не можете да пешачите подеднакво долго како претходно и веќе ја губите кондицијата.

Исто така, се намалува максималниот капацитет за внес на кислород, а во недостиг на рекреација, се нарушуваат и крвниот притисок и нивоата на шеќер во крвта.

shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-koga-prestanuvate-da-vezhbate-ili-sportuvate-03.jpg

Еден месец без спортување

По еден месец започнувате да го губите тонусот на мускулите. Олеснително во ова е што силата се губи бавно, па дури и по 3-4 месеци повторно ќе можете да кревате потешки предмети, но тоа ќе ви претставува малку поголема мака во споредба со времето кога активно трениравте.

shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-koga-prestanuvate-da-vezhbate-ili-sportuvate-04.jpg

По осум недели без физичка активност

Доволни се само два месеца, а некогаш и помалку, за повторно во вашето тело да почнат да се таложат масти и да се здебелите, особено во стомакот.

Мускулите во овој период се значајно заслабнати, а кондицијата е речиси целосно изгубена.

Поуката од овие факти е дека секогаш треба да го одржувате континуитетот во физичката активност. Запомнете, дури и краток тренинг од 15-20 минути е далеку подобар отколку никаков.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали може да се изгуби тежина само со пешачење? Ако започнувате план за губење вишок килограми и почнувате од нула, многу е веро...
9 работи кои му се случуваат на вашето тело кога вежбате и не пиете во... Телото не исфрла токсини, ниту мускулите имаат правилен тек на формирање кога не...
Татко на 4 деца во 60-тите има подобро тело отколку кога имал 20 годин... За некои луѓе годините дефинитивно се само бројка, а пензионираниот адвокат Клеј...