Лесни вежби со кои ќе се ослободите од болката во нозете по напорен ден

Сè повеќе луѓе имаат проблеми со болка во колената, стапалата или колковите, а голем број од нив се и млади.

lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-bolkata-vo-nozete-po-naporen-den-1.jpg

Независно дали причината е неправилно седење, недоволна активност или мала повреда, не треба да ја игнорирате болката и да живеете со неа.

Секако, овие проблеми најдобро се решаваат со малку активност, а постојат вежби кои ќе ви помогнат да се намали болката и да се чувствувате подобро.

Вежби за кои колената стапалата и колковите ќе ви бидат однапред благодарни:

Вежба 1 – ги зајакнува глуждовите и мускулите околу коленото

  • Земете столче и потпрете се со рацете на него.
  • Подигнете ја наназад едната нога.
  • Полека подигнете ја петата на другата нога од подот додека не застанете на прсти.
  • Полека спуштете ја повторно петата на подот.
  • Повторете 10-15 пати со двете нозе.

lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-bolkata-vo-nozete-po-naporen-den-02.jpg

Вежба 2 – ги зајакнува листовите и е добра за прстите на нозете и табаните

Сè што треба да правите е 5-15 минути да одите брзо на прсти, а тоа може да го правите каде и да сте во кое било време, додека не се изморите.

lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-bolkata-vo-nozete-po-naporen-den-03.jpg

Вежба 3 – раздвижување на слабите глуждови

  • Во седечка или стоечка положба, подигнете една нога.
  • Полека ротирајте го стапалото на подигнатата нога во круг.
  • Повторете 10 пати во насока на часовникот и 10 пати во обратна насока со двете нозе.

lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-bolkata-vo-nozete-po-naporen-den-04.jpg

Вежба 4 – истегнување на прстите

Стегнете ги прстите и опуштете ги – повторете неколкупати за добро да ги истегнете прстите, а воедно и цело стапало.

lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-bolkata-vo-nozete-po-naporen-den-05.jpg

Вежба 5 – релаксирање на стапалата

  • Седнете на столче, а стапалото ставете го врз тениско топче и притискајте со ногата .
  • Полека и со малку притисок ролајте го топчето од предниот кон задниот дел на стапалото.
  • Уживајте во масажата!

lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-bolkata-vo-nozete-po-naporen-den-06.jpg

Вежба 6 – масажа на стапала

Акупунктурата и масажата на стапала имаат одлична улога во ослободувањето од напнатоста, а по долг и напорен ден, поставете ги двата палци како на сликата и нежно масирајте 15 минути.

lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-bolkata-vo-nozete-po-naporen-den-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава