Ефективни начини како да се ослободите од болките во вратот по напорен ден

Неправилното седење пред компјутер, лошото спиење и долгото време поминато на телфон во наведната положба на главата, предизвикува проблеми и болки во вратот.

efektivni-nachini-kako-da-se-oslobodite-od-bolkite-vo-vratot-po-naporen-den-01.jpg

По напорен ден, сè што сакате е да се релаксирате и некој да ве измасира, но ретко наоѓате „жртва“.

Па, доколку не сакате веќе да досаѓате никому, а сакате да се ослободите од болките, можете да го направите тоа само.

Неколку начини како да ја намалите болката во вратот и да ја подобрите положба:

Масажа со тениско топче

Земете тениско топче и масирајте со благо притискање и движење во различни насоки.

Ако некаде чувствувате поголема напнатост благо притиснете 20 секунди на местото и потоа пуштете па продолжете со масажа, но не стискајте силно.

efektivni-nachini-kako-da-se-oslobodite-od-bolkite-vo-vratot-po-naporen-den-02.jpg

Истегнување

Легнете на стомак и допрете ја брадата на подот, а рацете ставете ги на страна.

Свиткајте ги нозете нагоре така што петите ќе дојдат во висина на задникот. Фатете ги глуждовите со двете раце.

Вдишете длабоко, свиткајте се колку можете повеќе со градите и главата кренати од подот.

Останете во оваа положба 10 секунди, а потоа издишете и полека пуштајте ги зглобовите и спуштајте го телото надоле.

efektivni-nachini-kako-da-se-oslobodite-od-bolkite-vo-vratot-po-naporen-den-03.jpg

Истегнување

Застанете на колена и нозете поставете ги во ширина на колковите. Ставете ги рацете на колковите и исправете се. Потоа полека наведнувајте се наназад како на сликата, а рацете потпрете ги на петите. Навалете ја главата наназад и стојте во таа положба 30-60 секунди па вратете се во почетна положба.

efektivni-nachini-kako-da-se-oslobodite-od-bolkite-vo-vratot-po-naporen-den-04.jpg

Истегнување

Легнете на подот на стомак со лицето надолу, споени нозе и исправени прсти. Ставете ги дланките под рамената како во позиција за склек.

Вдишете и полека кревајте го телото нагоре без целосно да се потпирате на рацете и без да ги исправите целосно.

Навалете ја главата наназад и истегнете го грбот. Останете во оваа положба 15-30 секунди, па вратете се надолу со издишување.

efektivni-nachini-kako-da-se-oslobodite-od-bolkite-vo-vratot-po-naporen-den-05.jpg

Бонус: како да го држите телефонот кога сте во кревет:

efektivni-nachini-kako-da-se-oslobodite-od-bolkite-vo-vratot-po-naporen-den-06.jpg

М. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава