Во топ форма на 43 години: Која е тајната за прекрасниот изглед на Шарлиз Терон?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Оператор 20-03-2019


Во топ форма на 43 години: Која е тајната за прекрасниот изглед на Шарлиз Терон?

Постои една среќна категорија на жени, кои како што стареат, така стануваат поубави. Меѓу нив, секако, припаѓа и русокосата оскаровка.

vo-top-forma-na-43-godini-koja-e-tajnata-za-prekrasniot-izgled-na-sharliz-teron-1.png

Занесната глумица, за која деновиве се говори дека е новата љубов на Бред Пит, успеа да ја сочува природната убавина, иако поради филмските улоги правеше драматични промени.

vo-top-forma-na-43-godini-koja-e-tajnata-za-prekrasniot-izgled-na-sharliz-teron-2.jpg

Како се одржува во топ форма и на 43 години? Еве која е тајната за прекрасниот изглед на Шарлиз Терон:

„Свежо цедени сокови, зеленчук и салати со сите видови на зеленило се секојдневно во мојата исхрана. Кога здраво јадам, доволно спијам и не пијам алкохол, не само што изгледам најдобро, туку и се чувствувам исто така. Дури и да сте природно слаби како мене, низ годините ќе почнете да забележувате дека телото ви е во опасност да испадне од форма.“

vo-top-forma-na-43-godini-koja-e-tajnata-za-prekrasniot-izgled-na-sharliz-teron-3.jpg

vo-top-forma-na-43-godini-koja-e-tajnata-za-prekrasniot-izgled-na-sharliz-teron-4.jpg

„За да го спречите ова, важно е везден да бидете активни, избирајќи го притоа „вашиот“ тип на активности. Јас се трансформирав со помош на пилатес, како однадвор, така и одвнатре. Секојдневно ги бројам, не калориите, туку движењата на телото.

Ако заклучам дека не сум се движела доволно во текот на денот, никогаш нема да си дозволам да јадам прекумерно. Искрена сум кон себе и тежнеам кон баланс во сѐ.“

vo-top-forma-na-43-godini-koja-e-tajnata-za-prekrasniot-izgled-na-sharliz-teron-5.jpg

vo-top-forma-na-43-godini-koja-e-tajnata-za-prekrasniot-izgled-na-sharliz-teron-6.jpg

„Верувам дека жените не би требало да бидат себични, туку меѓусебно да си ги делат тајните на нивната убавина. Искуството на другите многу вреди, а може да ве предупреди и за грешки. Сакам со вас да споделам една тајна наречена „рицинусово масло“.

Еднаш или двапати неделно ставам од маслото на косата и веѓите. Да не беше овој чудотворен лек, мојата платинеста коса ќе изгледаше трагично.“

vo-top-forma-na-43-godini-koja-e-tajnata-za-prekrasniot-izgled-na-sharliz-teron-7.jpg

vo-top-forma-na-43-godini-koja-e-tajnata-za-prekrasniot-izgled-na-sharliz-teron-8.jpg

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку години би ѝ дале на женава? (фото) Таа без проблем позира во бикини на плажа и тесните фустани се како излиени на н...
Татко на 4 деца во 60-тите има подобро тело отколку кога имал 20 годин... За некои луѓе годините дефинитивно се само бројка, а пензионираниот адвокат Клеј...
41-годишна мајка на две деца вежба помалку, а изгледа подобро отколку ... Која е тајната на нејзиниот младешки изглед? Белинда Нортон вели дека се чувству...