3 вежби за мажи со кои ќе ја спречите предвремената ејакулација

Предвремената ејакулација не е страшна појава, ако не се случува пречесто, но тоа не значи дека не треба да ја вежбате својата карлица со правилно избрани вежби.

tri-vezhbi-za-mazhi-so-koi-kje-ja-sprechite-predvremenata-ejakulacija-01.jpg

Ако редовно вежбате, тогаш одвојте време од „билдањето“ на рацете и градите и посветете се токму на карличниот дел. Вежбите не се тешки, а сигурно ќе ви помогнат да ја засилите мускулатурата која што се наоѓа околу вашата машкост.

Освен што ќе спречите еректилна дисфункција, ќе го подобрите и својот перформанс во спалната соба:

Кегелови вежби за мажи

Начин: Три сетови од 30 повторувања, 3-4 пати неделно

Како да ги направите: Правете контракции на мускулите како да треба да го сопрете протокот на урина на една до две секунди. Користете ги карличните мускули.

Кревање тегови со колковите

Начин: Три сетови од 10 повторувања

Како да ги направите: Со горниот дел од грбот, односно со плешките, легнете на клупата. Поставете шипка со тегови со минимална тежина за почеток и не заборавајте да поставите и подлога за изолација меѓу вас и шипката. Кревајте ги колковите, додека се држите со плешките за клупата.

Клекнувања

Начин: Три сетови од 10 повторувања

Како да ги направите: Познатите „чучњевци“ се одлична вежба за зацврстување на карличните мускули. Застанете со стапалата поставени малку  пошироко од ширината на рамениците. Свиткајте ги колената и правете клекни-стани.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава