Вежби кои може да ги правите со детето за да се вратите во форма по породувањето

Мајките со мали бебиња немаат многу време за одење во теретана и враќање на телото во форма, но докажано е дека кога се сака, сè се може.

vezhbi-koi-mozhe-da-gi-pravite-so-deteto-za-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-01.jpg

Наместо да одите во теретана или да спортувате, можете времето кое го поминувате дома со детето, да го посветите на вежбање.

Ако сакате да се вратите во форма по породувањето, можете да почнете да вежбате дома, а детето да ви биде „партнер“ за вежбање.

Олга е мајка на три деца од Русија, и покажува неколку движења кои ќе ви помогнат да согорите некоја калорија и да се забавувате:

1. Држете го детето во раце пред вас, раширете ги носете во ширина на рамениците и правете чучнувања.

vezhbi-koi-mozhe-da-gi-pravite-so-deteto-za-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-02.jpg

2. Застанете со нозете раширени и држете го бебето покрај стомакот. Направете исчекор нанапред со десната нога и наведнете го телото додека коленото не формира агол од 90˚. Направете го истото со левата нога и повторете неколку пати.

vezhbi-koi-mozhe-da-gi-pravite-so-deteto-za-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-03.jpg

3. Држете го бебето со двете раце на стомак, хоризонтално поставено , направете голем чекор надесно, така што коленото ќе биде во иста линија со прстите на стапалото. Левата нога останува исправена. Повторете во спротивна насока.

vezhbi-koi-mozhe-da-gi-pravite-so-deteto-za-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-04.jpg

4. Застанете со нозете широко раширени и држете го детето пред вас. свиткајте ги нозете надоле колку повеќе можете и обидете се тоа да биде додека не постигнете агол од 90˚. Останете во оваа положба 2 минути и вратете се во почетна.

vezhbi-koi-mozhe-da-gi-pravite-so-deteto-za-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-05.jpg

5. Легнете на грб со нозете свиткани кај колената. држете го детето над вас и кревајте ги колковите од подот, па повторно спуштајте ги.

vezhbi-koi-mozhe-da-gi-pravite-so-deteto-za-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-06.jpg

6. Легнете на грб и свиткајте ги нозете во колената така што ќе ги донесете кон брадата. Ставете го бебето на долниот дел од нозете и држете го додека со горниот дел од телото се кревате и се обидувате да го бакнете во чело.

vezhbi-koi-mozhe-da-gi-pravite-so-deteto-za-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-07.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Една недела ги правев интензивните вежби на Меган Фокс – што ми се допадна, а што не?“ „Ова е мошне ефективен начин на вежбање и лесно може да се вклопи во густиот рас...
10 секојдневни навики кои ќе ви помогнат да се движите повеќе (и да направите 10.000 чекори) Одете на работа пеш или симнете се неколку станици порано, искористете ја паузат...
8 чести грешки на кои треба да обрнете внимание кога правите чучнувања за да ги избегнете повредите Го искривувате грбот, не клекнувате доволно, ги кревате петите – сигурно правите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg