6 вежби кои ќе ви го зајакнат телото за само 30 дена

Доколку малку ја запуштивте грижата за физичкиот изглед и цврстината на телото, овие 6 вежби ќе ви бидат од голема помош за да се вратите на правиот пат.

6-vezbi-koi-ke-vi-go-zajaknat-teloto-za-samo-30-dena-001.jpg

Сите 6 вежби опфаќаат различна група на мускули, па доколку ги правите редовно и без исклучоци, за 30 дена ќе почувствувате дека телото ви станало поцврсто и поиздржливо.

Фитнес предизвик како да се затегнете пред да почне летото:

1. Подигнување на колковите

Кога ќе ги подигнете колковите и задникот, задржете се во оваа позиција 10 секунди. Потоа спуштете се повторно на земја.

Направете 10 повторувања во две серии.

6-vezbi-koi-ke-vi-go-zajaknat-teloto-za-samo-30-dena-01.jpg

2. Подигање тегови со исправени раце

Одредете која тежина можете да ја издржите и кревајте ги теговите во ширина на рамениците, над главата. Задржете во таа позиција 10 секунди, па спуштете.

Повторете 2 серии по 12 пати.

6-vezbi-koi-ke-vi-go-zajaknat-teloto-za-samo-30-dena-02.jpg

3. Скокање на јаже

Стандардното скокање на јаже може да го распоредите во 2-3 серии по 10 вртења.

6-vezbi-koi-ke-vi-go-zajaknat-teloto-za-samo-30-dena-03.jpg

4. Чучнувања со исчекор

Чучнувањата со исчекор мора да ги правите како на фотографијата, со нозе подвиткани под агол од 90 степени, за да ги постигнете посакуваните резултати.

Направете 2 сета од по 10 повторувања.

6-vezbi-koi-ke-vi-go-zajaknat-teloto-za-samo-30-dena-04.jpg

5. Подигнувања на нозете додека лежите

Во рамна лежечка положба треба да ги одлепите нозете од подот и да ги подигнете под агол од 90 степени.

Почнете со 1 сет од 12 повторувања, па постепено зголемувајте ги повторувања зависно од издржливоста.

6-vezbi-koi-ke-vi-go-zajaknat-teloto-za-samo-30-dena-05.jpg

6. Странично подигање на тегови

Ова е веројатно одлична вежба за да ги тонирате опуштените раце, а тежината на тегчињата повторно ја одредувате сами.

Направете 10 повторувања распоредени во 2-3 сета.

6-vezbi-koi-ke-vi-go-zajaknat-teloto-za-samo-30-dena-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава