Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 вежби за истегнување на телото заради кои нема да молите за масажа

Дали и вие сте од оние кои постојано чувствуваат болка во телото и здрвеност, па ги молите сите да ве измасираат?

vezhbi-za-istegnuvanje-zaradi-koi-nema-da-molite-za-masazha-01.jpg

Иако масажата е многу корисна и вреди да се практикува кај професионалци за целосно опуштање на телото, сепак важно е и сами да се раздвижувате.

Вкочанетоста во телото најчесто произлегува од неправилно седење, лежење, долго поминато време во иста положба и слично, па затоа е неопходно да одвоите време во денот за размрдување на телото.

Не станува збор за комплицирани вежби, туку за оние основните вежби за истегнување на телото, кои веројатно заборавате да ги правите.

Во продолжение неколку вежби за истегнување заради кои нема да молите никого за масажа секојдневно:

Вежба 1 – за врат

Исправете го грбот и релаксирајте го горниот дел од телото. Полека движете ја главата надесно како на фотографијата и држете ја во таа положба 30 секунди. Повторете на другата страна.

vezhbi-za-istegnuvanje-zaradi-koi-nema-da-molite-za-masazha-02.jpg

Вежба 2 – за врат

Седнете на под или столче, така што колковите ќе ви бидат притиснати за површината, а грбот исправен.

Ставете ги дланките зад глава и во оваа положба полека спуштајте ја брадата кон градите колку што можете, а рацете кон колковите.

Останете во оваа положба 30 секунди, па вратете се во почетна положба.

vezhbi-za-istegnuvanje-zaradi-koi-nema-da-molite-za-masazha-03.jpg

Вежба 3 – за рамената

Застанете на рамка од врата и поставете ги дланките како на фотографијата, така што кај лактите ќе бидат свиткани под агол од 90˚, а телото ќе го држите исправено.

Исправете го грбот и ставете го едното стапало понапред. Рацете и нозете држете ги цврсто и полека наведнете се нанапред.

Останете во оваа положба 20-30 секунди и повторете 2-3 пати со двете нозе.

vezhbi-za-istegnuvanje-zaradi-koi-nema-da-molite-za-masazha-04.jpg

Вежба 4 – за горниот дел од грбот

Исправете ја десната рака над глава, а потоа свиткајте ја во лактот наназад така што со дланката ќе го допирате грбот под вратот.

Со левата рака држете го десниот лакт и нежно туркајте ја десната рака налево. Во права линија наведнете го малку телото налево и останете во оваа положба 20-30 секунди.

Повторете го истегнувањето на другата страна со спротивната рака.

vezhbi-za-istegnuvanje-zaradi-koi-nema-da-molite-za-masazha-05.jpg

Вежба 5 – за страничните мускули на горниот дел од телото

Седнете на столче и притискајте ги нозете кон подот. Ставете ги рацете зад глава и свртете го горниот дел од делото надесно, така што нозете, колковите и грбот ќе ви останат исправени. Останете во оваа положба 10 секунди и повторете ја вежбата 3-5 пати на двете страни наизменично.

vezhbi-za-istegnuvanje-zaradi-koi-nema-da-molite-za-masazha-06.jpg

Вежба 6 – за целиот грб

Легнете на подлога со лицето свртено надолу, а рацете исправени пред вас. истовремено подигнете ги рацете и нозете 15 cm од подот.

Обидете се во истиот момент да го вовлечете стомакот, а главата и екстремитетите држете ги исправено и останете во положбата 2 секунди, па вратете се во почетна положба. Повторете 10 пати.

vezhbi-za-istegnuvanje-zaradi-koi-nema-da-molite-za-masazha-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 вежби за рамен стомак, за почетници (видео) Со само 10 минути на ден, мотивирајте се да почнете да вежбате и да стигнете до ...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...
Јога рутина за почетници: 10 вежби кои се прават на стол Иако се изведуваат без да станете од стол, овие јога вежби ќе ги истегнат сите п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg