Како планинарењето позитивно влијае врз телото и духот?

Кога се занимаваме со спорт, обично очекуваме резултати: сакаме да бидеме побрзи и посилни и да тренираме. Понекогаш сакаме да слабееме и да бидеме поубави. Понекогаш забораваме што сакаме воопшто. 

Planinarstvoto ima pozitiven efekt vrz zdravjeto i duhot eve kako 01

Но, планинарството не е само форма на физичка активност, со планинарење можеме да се запознаеме себеси и да ја откриеме природата во нејзината оригинална форма. 

Во историјата на човештвото луѓето честопати се качувале на планини во потрага кон инспирација, а понекогаш се враќале продуховени. Денес се качуваме на планините за да го пронајдеме потребниот мир, како и сила да се справиме со секојдневните задачи и обврски.

Внатрешниот мир и релаксација не се единствената причина зошто треба да планинaрите.

Постојат бројни здравствени придобивки, а ова се некои од нив:

Аеробен тренинг

Нема аеробен тренинг кој е подобар од шетање или трчање низ планина. Угорницата дополнително ќе ве оптовари, па ќе имате поголем предизвик.

Свеж воздух за дишење

На поголема надморска височина воздухот е посвеж и почист. На планината ќе дишете свеж воздух, ова ќе ве опушти, ќе ви ја подобри циркулацијата и ќе ги подобри вашите бели дробови.

Planinarstvoto ima pozitiven efekt vrz zdravjeto i duhot eve kako 02

Дали знаевте дека дишете подлабоко кога сте подалеку од загадениот воздух? Ова го правиме рефлексно. Длабокото дишење е особено добро, бидејќи ги масира внатрешните органи и го отстранува лошото расположение.

Авантура

Доколку сте љубител на авантури, планината е вистинското место за вас. Таа крие многу убавини: потоци, шуми, цвеќиња и животни...ова се планинските жители кои ќе ве поздрават на секој чекор.

Планината може да ве снабди со свеж воздух, но и со вистинска храна. Во зависност од шумата и сезоната, ќе најдете различни плодови и растенија.

Планинарството не е конкурентен спорт и немате противник. На планината се имате само себеси и природа. Природата е вашиот сојузник. Не фрлајте ѓубре, не пушете цигари и не ги кинете дрвјата. Почитувајте ја природата.

Planinarstvoto ima pozitiven efekt vrz zdravjeto i duhot eve kako 03

Неколку практични совети:

- Пред да одите на планина купете соодветни патики за качување. Ваквите патики се поцврсти и адаптирани се за лизгави површини.

- Очекувајте поостра клима отколку во долината.

- Временските услови се менуваат побрзо на планините.

- Носете вода со себе, како и мед и овошје. Ова се јаглехидратите што ќе ви дадат дополнителна енергија, ако ви треба.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава