Лесни вежби со кои може да проверите во каква состојба е вашето тело

Порано трчавте по скали, а денес едвај се качувате до третиот кат без лифт? Време е да проверите колку сте фит и во каква форма е вашето тело.

lesni-vezhbi-so-koi-mozhe-da-proverite-vo-kakva-sostojba-e-vasheto-telo-01.jpg

На телото му е потребна физичка активност со цел да изгледате добро, но и за да функционира правилно.

Не смее никогаш да го запоставите сопственото тело и секогаш треба да го одржувате активно.

Но, доколку веќе сте го запоставиле, време е да проверите до која мера е тоа.

Во продолжение следат едноставни вежби со кои ќе проверите колку сте фит:

Пресметајте го индексот на телесна тежина

Формулата е едноставна – ако сте високи 170cm и тежите 60kg, тогаш калкулацијата би била следна: ИТМ = 60 / (1.7 х 1.7). Резултатот е отприлика 21.

Резултат под 18 значи дека ви недостасува телесна тежина. Од 18.5 – 25 се смета за нормален индекс, а над 25-30 се смета дека имате прекумерна телесна тежина.

lesni-vezhbi-so-koi-mozhe-da-proverite-vo-kakva-sostojba-e-vasheto-telo-02.jpg

Качување по скали

Колку брзо губите воздух кога се качувате по скали, открива во колку добра состојба ви се срцето и белите дробови.

Ако мора да се одморите по 1-2 ката, срцето и белите дробови не ви се во добра форма.

Ако почнете да губите воздух по 3-4 кат, имате просечно ниво на издржливост.

Доколку пак можете да качите 6-7 ката без тешкотии, во одлична форма сте.

lesni-vezhbi-so-koi-mozhe-da-proverite-vo-kakva-sostojba-e-vasheto-telo-03.jpg

Колку сте фит?

Застанете во положба како на првата фотографија, потпирајќи се со прстите од стапалата и дланките на подот. Потоа спуштете се надолу и потпрете се на подлактицата, телото одржувајте го исправено и тежината распоредете ја помеѓу нозете и рацете.

Ако можете да издржите во оваа положба повеќе од 30 секунди, тогаш сте во добра форма.

Ако издржите повеќе од минута, тогаш телото ви е во одлична фитнес форма.

lesni-vezhbi-so-koi-mozhe-da-proverite-vo-kakva-sostojba-e-vasheto-telo-04.jpg

Седнете на земја и пробајте да станете без потпирање на раце

Седнете на под и обидете се да станете без ничија помош, ниту потпирање со рацете. Со овој тест ќе ја проверите вашата флексибилност, сила и баланс. Ако не успеете, време е за малку вежбање и набивање мускули.

lesni-vezhbi-so-koi-mozhe-da-proverite-vo-kakva-sostojba-e-vasheto-telo-05.jpg

Застанете во положба на столче

Потпрете се со грбот на ѕид и со споени нозе спуштете се надолу така што нозете и грбот ќе ви формираат прав агол. Обидете се да издржите во оваа положба на столче 1 минута.

Ако успеете, вие сте во одлична физичка форма. Ако не можете да издржите ниту 30 секунди, време е да почнете со вежби - чучнувања.

lesni-vezhbi-so-koi-mozhe-da-proverite-vo-kakva-sostojba-e-vasheto-telo-06.jpg

Тест за флексибилност

Застанете на скали и спуштете го горниот дел од телото надолу, држејќи ги нозете исправени. Ако не можете да ги допрете стапалата со дланките, вашата флексибилност не е многу добра.

Ако ги спуштите дланките под скалата, телото ви е флексибилно и тоа е одличен индикатор.

lesni-vezhbi-so-koi-mozhe-da-proverite-vo-kakva-sostojba-e-vasheto-telo-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg