6 вежби кои ги топат масните наслаги, а не ви треба дополнителна опрема

Секој од нас сака да изгледа добро и да биде во форма, но ретко кој има време или енергија да оди во теретана. За среќа, можете да се вратите во форма без воопшто да го напуштите вашиот дом. Покрај тоа, вежбањето не мора да биде напорно за да биде ефективно.

6-vehzbi-za-na-pod-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-masnite-naslagi-01.jpg

За следниве вежби не ви е потребна никаква дополнителна опрема, можете да ги изведувате од удобноста на вашиот дом, а сигурно ќе ви помогнат да ги отстраните тврдоглавите масни наслаги.

V стомачни

Оваа вежба ги зајакнува стомачните мускули и ги подобрува рамнотежата и координацијата.

- Легнете на грб и поставете ги рацете покрај телото. Нозете треба да ви бидат исправени.

- Издишете и подигнете ги грбот и нозете од подот, стегајќи ги стомачните мускули.

- Бавно вратете се во почетната положба, но не го допирајте подот со рамената и нозете. Потоа повторете ја вежбата.

- Направете 15-20 повторувања.

Доколку не можете, нема потреба да се спуштате до подот. Само обидете се да го спуштите телото што е можно повеќе.

6-vehzbi-za-na-pod-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-masnite-naslagi-02.jpg

Удари

Ова е совршената вежба за оформување на задникот и за тонирање на нозете.

- Застанете на сите четири, стегнете ги стомачни и исправете го грбот.

- Кренете ја едната нога свиткана и стегнете ги мускулите на задникот. Вратете се во почетната положба, но не спуштајте го коленото на земјата.

- Направете 20-25 повторувања со секоја нога.

Доколку вежбата ви изгледа прелесна, можете да употребите тегови за нозе.

6-vehzbi-za-na-pod-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-masnite-naslagi-03.jpg

Мост

Оваа вежба е одлична за вашиот задник, а истовремено ги зајакнува мускулите на долниот дел од грбот.

- Легнете на подот и поставете ги рацете покрај телото, а потоа свиткајте ги колената.

- Издишете и подигнете ги колковите, стегајќи го задникот. Телото треба да формира права линија.

- Вратете се во почетната положба.

- Направете 12-15 повторувања.

Доколку вежбата ви изгледа лесна, можете да ја кренете едната, а потоа другата нога.

6-vehzbi-za-na-pod-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-masnite-naslagi-04.jpg

Уште 3 вежби + релаксација, на следната страна...



Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...
4 вежби за затегнати раце со тегови - Можете да ги правите и дома Четири вежби кои може да ги правите и во вашата дневна соба, а ќе ви помогнат да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg