Што ќе му се случи на вашето тело доколку одвоите 5 минути секој ден за позицијата plank?

Планк (plank) или уште познат како „абдоминален мост“ е одлична вежба за целото тело која штеди време. Најдоброто е што може да ја правите каде било и дава одлични резултати.

Sto-ke-mu-se-sluci-na-vasheto-telo-so-5-minuti-plank-01.jpg

Експертите тврдат дека 5 минути во планк позиција дневно е идеално, но секако од почетниците не се очекува веднаш да го достигнат ова темпо. Започнете со пократки интервали на планк и секој нареден ден продолжувајте го за 5 секунди.

Доколку бидете упорни, еве што може да очекувате за 2 месеци:

Болката во грбот ќе престане

Доколку ја изведувате вежбата правилно таа на ниту еден начин не може да му наштети на ’рбетот. Всушност, ги зајакнува мускулите на грбот што го држат, помагајќи ви да се ослободите од болките во него. Меѓутоа, доколку имате посериозни проблеми со ’рбетот, консултирајте се со вашиот лекар или ортопед пред да се впуштите во планк позицијата.

Стомакот станува поцврст

Планкот е тип на вежба која е незаменлива кога станува збор за затегнување на стомачните мускули и нема негативни ефекти на грбот, за разлика од некои други вежби од сличен тип.

Се исправува држењето на телото

Има позитивен ефект врз држењето на телото и го олеснува исправеното. Ова ќе направи да изгледате неколку сантиметри повисоки, а грбот, рамената и вратот ќе ви бидат многу благодарни.

Ја подобрува флексибилноста

Флексибилноста е особина што може да биде да ви биде од голема помош во вашиот живот, без разлика дали мора да се наведнете за да соберете нешто од подот, да се протегнете до високата полица во кујната за да го дофатите кафето или да пробате нова поза со партнерот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg