5 брутални вистини за вежбањето што вашиот тренер не ви ги кажува

Без оглед на влијанието врз слабеењето, вежбањето е исклучително добро за нашето тело и ум. Ни помага да го намалиме крвниот притисок, го намалува ризикот од дијабетес тип 2, мозочен удар и срцев удар.

pet-brutalni-vistini-za-vezbanjeto-sto-vasiot-trener-ne-vi-gi-kazuva-1.jpg

Многу истражувања покажуваат дека физички активните луѓе поретко имаат Алцхајмерова болест и деменција. Но повеќето луѓе кои одат во теретана, или се запишуваат на групно вежбање, мислат само на својот изглед.

Затоа е важно да знаете некои факти кои ќе ви помогнат вашиот тренинг да биде поефикасен.

Ова се пет брутални вистини за вежбањето што вашиот тренер не ви ги кажува:

За видливи резултати ќе мора да чекате долго време

Не очекувајте брзи резултати откако ќе започнете со тренингот. Оние што ќе решат да вежбаат неколку дена пред да заминат на одмор веројатно нема да успеат. Се разбира, сето тоа зависи од вашата моментална тежина, состојба на телото и возраста.

Во секој случај, првите видливи резултати можат да се видат по два до три месеци. На луѓето што не вежбале со години ќе им требаат шест месеци, ако не и повеќе.

Се разбира, покрај тоа што редовно вежбате, за видливи резултати е важна и урамнотежена исхрана.

Нема секогаш да ги добиете резултатите што ги сакате

Ако во глава имате визија на совршена форма на тело и сакате да стигнете до истата со вежбање, подгответе се дека тоа не мора да се случи. Прво треба да се земе предвид генетиката, како и структурата на телото.

Мускулите на некои луѓе имаат тенденција да растат побрзо, додека други луѓе имаат подобар метаболизам.

Покрај тоа, многу професионални спортисти и фитнес тренери прибегнуваат кон посебна исхрана за да ја постигнат својата посакувана форма. Затоа, ако поставите недостижна цел можеби ќе ја изгубите мотивацијата. Бидете објективни.

pet-brutalni-vistini-za-vezbanjeto-sto-vasiot-trener-ne-vi-gi-kazuva-2.jpg

Не мора да се придржувате до посебна спортска исхрана

Почетниците во теретаната често веруваат во волшебната моќ на спортската исхрана. Во реалноста, не треба да се придржувате кон ова сé додека јадете добро и правилно.

За убав стомак не треба цело време да правите стомачни вежби

Не е потребно да се прават стомачни вежби секој пат кога ќе одите во теретана. До убав стомак може да се дојде и со исчекор, пленк и сквотови. Сосема е доволно да правите стомачни вежби еднаш неделно.

Можете да влезете во форма и без да одите во теретана

Ако имате добри гени, брз метаболизам и не јадете често нездрава храна (или не консумирате алкохол), можете да изградите убава форма на тело без да одите во теретана.

Важно е да вежбате редовно и да бидете доследни. Ако редовно вежбате дома и се придржувајте кон здрава исхрана, успехот ви е загарантиран.

pet-brutalni-vistini-za-vezbanjeto-sto-vasiot-trener-ne-vi-gi-kazuva-3.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg