Што треба да знаете пред да почнете со активно кревање тегови?

За секој што редовно вежба во теретана кревање тегови е вообичаена вежба. Ако штотуку започнувате со редовни посети во теретана, има работи што треба да ги знаете. 

Raboti sto treba da gi znaete pred da pocnete so krevanje tegovi 01

Можеби мислите дека ако кревате тегови 6 дена во неделата, резултатите ќе бидат видливи многу брзо. Сепак, ова е премногу за повеќето луѓе. Пот и ментална исцрпеност не се показател за успех.

Затоа, наместо да го зголемите бројот на часови и денови на тренинг, зголемете ја тежината. Ако не ги вежбате мускулите со доволно тежина, нивниот процес на раст нема да започне.

Започнете со умерена тежина, а потоа постепено зголемувајте ја истата и воведете посложени вежби.

Ако се прашувате колку дена во неделата треба да тренирате, зависи од вас, но се препорачуваат 3 до 5 дена тренинг, пропратен со добар, квалитет одмор помеѓу вежбите.

Болното тренирање не значи подобар тренинг. Можеби сте ја чуле фразата: „Ако не боли, не сте работеле доволно напорно“. Не паѓајте во оваа стапица. Болката во мускулите е нормална и повремено се случува, особено ако штотуку започнувате со тренинг.

Сепак, форсирање на напорни вежби во повеќето случаи доведува до намалување на квалитетот на самото вежбање, а исто така може да доведе до повреда.

Raboti sto treba da gi znaete pred da pocnete so krevanje tegovi 02

Воведете сложени вежби во секојдневните тренинзи

Сложени вежби истовремено влијаат на повеќе мускулни групи, а можат да вклучуваат различни комбинации на движење. Вежби кои се фокусираат само на една мускулна група треба да бидат дополнителна вежба на сложениот тренинг, но не треба да зафаќаат најголем дел од вашиот тренинг.

Користете додатоци во исхраната

Многумина избегнуваат додатоци во исхраната, иако навистина нема потреба од тоа. Се разбира, треба да се биде внимателен при изборот.

Етерично масло од мајоран помага во пренесување на нервните импулси и затегнување на мускулите. Горчливиот портокал е познат по своите смирувачки и релаксирачки својства.

Raboti sto treba da gi znaete pred da pocnete so krevanje tegovi 03

Одморот е исто толку важен колку и тренингот

Одмор му дава на вашето тело време потребно за обнова и подготвување на мускулите за тренинг. Не постои специфичен метод за правилно закрепнување, затоа што сите тренираат и одмораат поинаку, но потребно е да спиете и да не кревате тегови најмалку 2 дена во неделата.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg