6 причини зошто да почнете да вежбате јога

Потребни ви се 15 минути јога дневно за да си го подобрите расположението и да си го продолжите животот.

beneficii-koi-ke-gi-steknete-so-vezbanje-joga+01.jpg

Бенефитите кои можат да се стекнат со вежбање на јога се повеќе од очигледни. Јогата вклучува вежби за дишење, медитација и пози направени специјално да го намалат и ослободат вашето тело од стрес.

Од јогата ќе имате двојна придобивка. Таа го подобрува и менталното и физичкото здравје.

Доволно е да вежбате 3-5 пати неделно и ќе забележите резултати за помалку од еден месец. Внимавајте и трудете се да ги правите вежбите правилно за да добиете подобри резултати.

Во продолжение прочитајте 6 причини зошто да почнете со вежбање на јога:

Го подобрува ставот и држењето на телото

Со самото вежбање на јога станувате пофлексибилни и посилни, а со тоа го подобрувате и ставот на вашето тело. Јогата помага да ги зајакнете мускулите во пределот на карличната коска. Ќе мислите дека сте повисоки од порано, а тоа ќе се должи токму на јогата.

Ви ја зголемува енергијата

Секојдневно вежбање на јога ги буди центрите за енергија наречени чакри. Една сесија јога може да ви даде повеќе енергија од шолја кафе.

Го намалува стресот

Кога вежбате јога мора да внимавате на три работи: дали дишете правилно, дали ја правите позата правилно и дали сте целосно препуштени на медитацијата. Со ова ќе ја подобрите работата на срцето и ќе се ослободите од несоница.

Во едно истражување во кое биле пријавени 34 жени кои имале проблеми со стресот и нервозата, сите од нив почнале да вежбаат јога два пати неделно. По 2 месеца редовно вежбање јога, жените самите кажале дека се чувствуваат многу подобро и се помалку нервозни, за разлика од претходно.

beneficii-koi-ke-gi-steknete-so-vezbanje-joga+02.jpg

Ве прави посреќни

Научно е докажано дека било каква физичка активност ви го подобрува расположението. Но, јогата овде е кралица на сите други спортови и тренинзи, затоа што освен што ви го подобрува расположението, таа ве прави и емоционално посилни.

Јогата го зголемува количеството на лачење на серотонинот во вашето тело - хормонот на среќата.

Заштитува од болести на срце

Јогата ве штити од срцев и мозочен удар. Исто така таа го подобрува и кардиоваскуларниот притисок во вашето тело.

Ви го продолжува животот

Доколку прочитавте сè од погоре наведеното и сами можете да заклучите дека со вежбање на јога вие си го продолжувате животот. Намален ризик од срцеви заболувања, подобар сон, помалку стрес, посилни коски и мускули и посреќен живот. Зарем не е повеќе од доволно?

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg