Предности и недостатоци на вежбањето дома - дали вежбате надвор или во домот?


Предности и недостатоци на вежбањето дома - дали вежбате надвор или во домот?

Позитивните придобивки на редовната физичка активност се многубројни и веќе ни се добро познати. Денес, речиси не постои човек кој не практикува никаква физичка активност.

Prednosti-i-nedostatoci-na-vezbanjeto-doma-01.jpg

Но, прашањето е–како изгледа таа и уште побитно–каде се одвива? Дали сте тип на човек што повеќе сака да вежба дома или некаде надвор? 

Во продолжение следуваат предностите и недостатоците на вежбањето дома:

ПРЕДНОСТИ:

Бесплатно е

Ова е можеби најголемата предност. Не мора да давате пари на месечни членарини, а покрај изобилството вежби и совети на интернет навистина ќе немате никаков проблем да вежбате дома.

Заштедувате време

Дома ефективно ќе вежбате 30-40 минути, околу 3 до 4 пати во неделата. Сега замислете колку време ќе ви биде дополнително потребно за да се спремите, да излезете од дома, да стигнете онаму каде што вежбате, да го издржите тренингот и да се вратите назад. И замислете дека врне… или вее снег. Или сте се заглавиле во сообраќај…

Избор на многу активности

Голема е веројатноста дека дома веќе имате некоја справа за вежбање која ја користите како закачалка. Почнете да ја користите за вистинската намена. Можеби имате и топка за пилатес или јаже за скокање. Во секој случај, било да сте во куќа или стан, имате скали… нели?

Никој не ве гледа

Многумина се ужаснуваат од вежбањето во јавност, бидејќи сметаат дека луѓето ќе ги гледаат чудно или ќе им се смеат. Дома ја имате сета потребна приватност да вежбате како и колку сакате, да го дадете максимумот од себе и да се потите без да ви биде гајле како им изгледате на другите.

НЕДОСТАТОЦИ:

Немате професионален тренер покрај вас

За многумина ова претставува проблем бидејќи им е потребен некој што ќе ги насочува во вежбањето. Сепак, доколку имате доволно волја и ја совладате правилната техника на вежбите, ова лесно може да го чкртнете од списокот на недостатоци.

Немате доволно простор

Сосема можно е просторот за живеење да ви е лимитиран и едноставно да немате каде да ги кренете или да скокнете во место. Домот наместо да ве инспирира, тој ви ја нарушува концентрацијата за вежбање, што е секако огромен минус.

Немате стимулација и опрема

Вие сте тип кој едноставно треба да се инспирира од резултатите на другите луѓе или сакате да вежбате во група. Воедно, немате никаква опрема за вежбање дома.

Недоволно мотивација

Во вашиот ментален склоп сосема различна е ситуацијата кога веќе имате платена месечна членарина и едноставно мора да станете и да го поминете тренингот со цел да не ви пропаднат парите. Лежејќи дома никогаш нема да се натерате да вежбате самите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни премногу вежбање не е добро: Знаци кои покажуваат дека сте претерал... Благодарение на совршените тела на познатите и фитнес блогерите кои секојдневно ...
Дали може да се изгуби тежина само со пешачење? Ако започнувате план за губење вишок килограми и почнувате од нула, многу е веро...
Што треба да знаете пред да почнете со активно кревање тегови? За секој што редовно вежба во теретана кревање тегови е вообичаена вежба. Ако шт...