Како да престанете да се прејадувате после тренингот?

Се чувствувате многу гладни после тренинг? Редовното вежбање може да го забрза вашиот метаболизам и да ви го зголеми гладот. Иако е ова научно докажано, истото не треба да ви послужи како изговор да се фрлите на плескавици, помфрит или пица.

Kako da prestanete da se prejaduvate posle treningot 01

Честопати го преценуваме бројот на согорените калории, па јадеме погрешни работи после тренинг.

Како да се откажеме од оваа лоша навика?

Размислете двапати за тоа колку калории сте потрошиле

Дали навистина потрошивте ист број калории колку што ги содржи, да речеме, сладоледот, за време на опуштено трчање неколку километри? Обично ги потценуваме калориите што ги внесуваме преку храната и го преценуваме бројот на калориите изгорени преку вежбање.

Бидете реални кога станува збор за избор на храна после тренингот. Се разбира, нема ништо лошо некогаш да јадете сладолед, но оброкот богат со високо квалитетни протеини и добри масти е далеку подобар избор после напорниот тренинг.

Запрашајте се: Дали навистина чувствувам глад?

После секој тренинг поставете си го прашањето: „Дали сум навистина гладен?" Честопати мешаме чувство на жед и глад. Затоа, пред да го земете чипсот, земете чаша вода и видете како се чувствувате после.

Ако сте сè уште гладни, јадете грчки јогурт или рака ореви.

Kako da prestanete da se prejaduvate posle treningot 02

Јадете ги сите оброци и намалете го гладот

Ако доживеете вистински периоди на глад, откако ќе завршите со тренингот, можеби не сте јаделе доволно во текот на денот. Редовните оброци обезбедуваат постојано ниво на шеќер во крвта.

Колку често треба да јадете зависи целосно од вашите лични цели. Еден начин да бидете сигурни дека сте сити е да јадете храна богата со протеини (месо, риба, млечни производи, ореви, мешунки, итн.)

Распоредете го тренингот мудро

Ако секогаш се чувствувате гладно, откако ќе вежбате, тогаш едноставно испланирајте го тренингот пред едното од вашите главни јадења.

Не е важно дали сакате да вежбате пред појадок, ручек или вечера, паметното планирање ви дава можност да ги надополните вашите енергетски потреби со квалитетен и обилен оброк. На тој начин нема да мора да јадете дополнителна закуска.

Kako da prestanete da se prejaduvate posle treningot 03

Најважно е да го слушате вашето тело. Ако сте гладни, не го занемарувајте ова чувство. Научете да ги толкувате сигналите што ви ги дава вашето тело и јадете интуитивно за да ги исполните енергетските потреби со избалансирани оброци.

Ако сакате да направите нешто добро за вашето тело, тогаш одржувајте го здраво и препознајте ја лажната глад на време.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg