8 јога вежби со кои ќе го подобрите држењето на вашето тело

Куче свртено надоле

Оваа вежба ги истегнува рамената и горниот дел од грбот. Истовремено, ги зајакнува мускулите на грбот.

- Застанете на сите четири, а потоа постепено кревајте ги колковите и застанете на дланките и стапалата.

- Држете ја позата 1 минута.

- Бавно свиткајте ги колената и вратете се во почетната положба.

- Направете 3 повторувања.

8-joga-vezhbi-so-koi-kje-go-podobrite-drzhenjeto-na-vasheto-telo-06.jpg

Кобра

Оваа вежба го зајакнува грбот и ги истегнува рамената и градите.

- Легнете на стомак и ставете ги дланките под рамената.

- Бавно исправете ги рацете и подигнете ги градите и главата.

- Држете ја положбата барем 20 секунди, па вратете се во почетната позиција.

- Направете 3 повторувања.

8-joga-vezhbi-so-koi-kje-go-podobrite-drzhenjeto-na-vasheto-telo-07.jpg

Лак

Ова е една од најефикасните вежби за подобрување на држењето на телото, а ги зајакнува сите мускули на грбот.

- Легнете на стомак и поставете ги рацете покрај телото.

- Свиткајте ги колената и фатете ги глуждовите со рацете. Немојте да ги ширите колената повеќе од колковите.

- Со помош на рацете подигнете ги стапалата и бутовите.

- Држете ја положбата 30 секунди, па вратете се во почетната позиција.

- Направете 3 повторувања.

8-joga-vezhbi-so-koi-kje-go-podobrite-drzhenjeto-na-vasheto-telo-08.jpg

Дрво

Оваа вежба ги истегнува рамената и ги зајакнува стомачните мускули.

- Застанете исправено и префрлете ја тежината на десната страна.

- Подигнете го десното колено и свртете го на страна.

- Поставете го десното стапало на внатрешната страна од бутот на левата нога. Можете да го поставите и на десната страна од коленото.

- Стегнете ги стомачните и мускулите на грбот и склопете ги дланките пред градите.

- Испружете ги рацете кон таванот, останете во положбата околу 1 минута и бавно вратете се во почетната положба.

- Повторете со другата нога.

8-joga-vezhbi-so-koi-kje-go-podobrite-drzhenjeto-na-vasheto-telo-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава