Како да се ослободите од „слоевитите перничиња“ на колковите?

Ако имате широки колкови, тогаш знаете колку е тешко да ги отстраните масните наслаги од нив, посебно оние кои наликуваат на перничиња во неколку слоеви.

kako-da-se-oslobodite-od-tvrdoglavite-masni-naslagi-na-kolokvite-01.jpg

Дури и да ослабете, перничињата на колковите речиси сигурно ќе останат. Сепак, постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да се ослободите од нив и да ја добиете фигурата за којашто сонувате.

Што претставуваат масните наслаги на колковите?

Според лекарите, овие масни наслаги се појавуваат од неколку причини – хормонална нерамнотежа, проблеми со циркулацијата, премногу седење, породување и стрес.

Но воглавно, жените се програмирани да акумулираат масти на колковите поради нивната плодност.

Мастите во овој предел почнуваат да се појавуваат во пубертетот, а акумулирањето трае до околу 22-годишна возраст.

Кога менструалниот циклус на жената ќе се стабилизира, масното ткиво на колковите станува тврдо. А, токму ова ткиво е тешко за отстранување, дури и ако вежбате редовно и се храните здраво.

Трикови за намалување на масните наслаги на колковите

За да го постигнете ова, ќе треба да направите неколку промени во животниот стил.

- Спијте повеќе. Поради недостатокот од сон, телото почнува да го произведува хормонот грелин, кој предизвикува чувство на глад. Но, спиењето 7-8 часа навечер го регулира неговото ниво.

- Започнете го утрото со шолја кафе. Кафето е диуретик и го стимулира метаболизмот. Истовремено, помага во согорувањето калории за време на вежбање.

kako-da-se-oslobodite-od-tvrdoglavite-masni-naslagi-na-kolokvite-02.jpg

- Додајте електролити (банана, јогурт, зелен зеленчук) во исхраната. Калциум, магнезиумот и калиумот помагаат во отстранувањето на солта од организмот. Колку повеќе ги внесувате, толку помалку сол ќе се задржува во ткивото. Со ова ќе се намали и акумулирањето на масти и целулит.

- Внимавајте на исхраната, но не гладувајте. Ако внесувате помалку калории од потребното, вашето тело ќе почне да складира масти. Па, изгладнувањето не е никакво решение. Наместо тоа, во текот на денот грицкајте моркови и зеленчук и додајте повеќе протеини во исхраната.

- Масирајте ја областа со есенцијални масла. Направете мешавина од сина глина и неколку капки масло од лимон и рузмарин. Со масажа нанесете ја смесата на колковите. Потоа завиткајте се во пластична фолија, оставете да отстои 40-тина минути и исплакнете со топла вода.

На следната страница дознајте кои вежби се најефикасни...



Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg