Како да се ослободите од „слоевитите перничиња“ на колковите?
Кои вежби се најефикасни?
Според експертите, аеробните вежби се најдобри за овој проблем. Истовремено, тие ќе ви помогнат да го отстраните вишокот сол и вода од телото.
Чучнувања со скок
- Поставете ги нозете пошироко од колковите и испружете ги рацете кон напред.
- Држете го грбот исправен и клекнете.
- Префрлете ја тежината на петите и скокнете. За повисок скок, замавнете ги рацете кон назад.
- Правете ја вежбата 30 секунди, одморете и направете уште 2 сета.
Балерина
- Застанете исправено и не ја спуштајте главата.
- Спојте ги петите и свртете ги стапалата кон надвор.
- На овој начин изодете неколку метри, ставајќи го едното стапало пред другото.
- Иако вежбата изгледа едноставно, сепак ги зајакнува колковите, задникот, па дури и стомачните мускули.
Исчекор
- Застанете исправено.
- Со едната нога направете чекор напред, клекнете и вратете се во почетната положба.
- Правете ја вежбата по 1 минута со секоја нога и направете 3 сета.
Пливање на грб
Пливањето на грб го подобрува држењето на телото и ја затега кожата на колковите.
После пливање добро е да се истуширате и со студена вода за уште подобри резултати.
Латино-американски танци
Овие танци се динамични и го активираат целото тело, вклучувајќи ги колковите и задникот.
Па, пуштете си го омилениот латино хит и забавувајте се.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





