Едноставна вежба со шише со која ќе го зацврстите целото тело

Според некои експерти, изведувањето на само една вежба може да биде многу покорисно од одењето во теретана еднаш неделно.

odlichna-vezhba-so-shishe-so-koja-kje-go-zacvrstite-celoto-telo-01.jpg

А, изгледа дека постои и совршената вежба, за која ќе ви требаат само пластично шише и 15-тина минути.

Наводно, оваа вежба е сè што ви треба за да ја добиете фигурата од соништата. Нормално, во комбинација со здрава исхрана.

На прв поглед, вежбата изгледа навистина едноставно. Веројатно си мислите дека секој може да држи шише помеѓу своите нозе.

odlichna-vezhba-so-shishe-so-koja-kje-go-zacvrstite-celoto-telo-02.jpg

Но, оваа вежба не само што ги активира внатрешниот и надворешниот дел на нозете, мускулите на задникот и стомачните, туку и го забрзува согорувањето на мастите, ги намалува отоците и го затегнува целото тело.

Како да ја направите вежбата?

- Земете пластично шише полно со вода. Колку е пошироко, толку подобро.

- Ставете го шишето помеѓу нозете, веднаш под препоните.

- Поставете ги нозете паралелно, што е можно поблиску една до друга.

- Со внатрешноста на нозете притиснете го шишето.

odlichna-vezhba-so-shishe-so-koja-kje-go-zacvrstite-celoto-telo-03.jpg

Можете да додадете и движење на горниот дел од телото – стегнете ги стомачните и виткајте го грбот кон напред и кон назад (како на илустрацијата).

Правете ги движењата бавно, без непотребно напрегање.

odlichna-vezhba-so-shishe-so-koja-kje-go-zacvrstite-celoto-telo-04.jpg

Разни нивоа на вежбање

Вежбата има три нивоа, и добро би било да ги направите сите.

Треба да ја менувате положбата на шишето, а колку пониско е поставено, толку е потешка вежбата.

1. Шишето е поставено високо меѓу нозете, веднаш под препоните.

2. Шишето е поставено помеѓу препоните и колената.

3. Шишето е поставено помеѓу колената.

Шишето всушност ќе ви треба само на почетокот, а неговата задача е да ви помогне да го почувствувате стегнувањето на мускулите.

После некое време ќе можете да ја изведувате вежбата и без шише.

odlichna-vezhba-so-shishe-so-koja-kje-go-zacvrstite-celoto-telo-05.jpg

Здравствени придобивки

Покрај очигледното зацврстување на телото и намалувањето на масните наслаги, оваа вежба ја намалува и болката во грбот. Истовремено, може да ублажи многу женски проблеми, како пролапс на матка, бидејќи ги зајакнува мускулите.

Вежбата значително ги зајакнува и мускулите во областа на стомакот, а ова ја подобрува работата на цревата.

odlichna-vezhba-so-shishe-so-koja-kje-go-zacvrstite-celoto-telo-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава