7 лесни вежби кои треба да ги правите доколку се улежавте периодов

Знаевте ли дека можете да бидете активни и да согорувате калории дури и додека гледате телевизија?

7-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-duri-i-dodeka-gledate-televizija-01.jpg

Можеби овој начин на вежбање нема да биде ефикасен колку некој покомплексен тренинг, но дефинитивно ќе има значајна разлика со оглед на тоа што сте се улежале периодов.

Вежбите во продолжение слободно можете да ги изведувате додека ја гледате омилената серија, а најдоброто е што не ви е потребна никаква опрема.

Вежба број 1

- Застанете исправено, а стапалата поставете ги во ширина на рамената.

- Кренете ги рацете од страна и свиткајте ги лактите. Рацете постојано треба да ви бидат стегнати.

- Почнете да ги кревате и спуштате рацете, како на сликите, дишејќи длабоко.

- Правете ја вежбата 45 секунди, до 1 минута.

7-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-duri-i-dodeka-gledate-televizija-02.jpg

Вежба број 2

- Застанете исправено, со стапала поставени во ширина на рамената.

- Кренете ги рацете на страна и свиткајте ги лактите како на горната слика.

- Спојте ги дланките пред лицето, како на долната слика, а потоа вратете се во претходната положба. Рацете треба постојано да ви бидат стегнати.

- Повторувајте ја вежбата 45 секунди, до 1 минута.

7-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-duri-i-dodeka-gledate-televizija-03.jpg

Вежба број 3

- Застанете и поставете ги стапалата во ширина на колковите.

- Рацете поставете ги покрај телото, свиткајте ги лактите и свртете ги дланките надолу (како на сликата).

- Грбот постојано држете го исправен.

- Почнете да трчате во место, кревајќи ги колената што е можно поблиску до градите.

- Правете ја вежбата колку што можете.

7-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-duri-i-dodeka-gledate-televizija-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...
4 вежби за затегнати раце со тегови - Можете да ги правите и дома Четири вежби кои може да ги правите и во вашата дневна соба, а ќе ви помогнат да...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg