Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лични фитнес тренери откриваат: Како до фит фигура како на ѕвездите?

Дејвид Кирш, тренерот на Кејт Аптон

Дејвид е тренер со искуство од 20-тина години, кој се обидува да создаде хармонија помеѓу телото и умот. Тој соработувал со неколку славни, вклучувајќи ја и Кејт Аптон.

Неговите препораки се:

  • Поставете си јасни и реалистични цели за она што сакате да го постигнете.
  • Најдете рутина во којашто ќе уживате.
  • Пијте многу вода и воочете ја разликата помеѓу жед и глад.

soveti-za-sovrshena-figura-od-lichnite-treneri-na-poznatite-06.jpg

Амаја Мендез, тренерот на Кристијано Роналдо

Амаја има соработувано со многу фудбалери, како што е познатиот Кристијано Роналдо. Според неа, сите мораме да обрнеме внимание на исхраната и секојдневната физичка активност.

Нејзините најдобри совети се:

  • Почнете со загревање што ќе ја поттикне циркулацијата. Потоа правете вежби за мускули, па кардио вежби и завршете го тренингот со истегнување.
  • Не ја заборавајте формулата за совршено тело: 80% исхрана, 15% тренинг и 5% одмор.
  • Прескокнете ги десертите или заменете ги со овошје или јогурт.

soveti-za-sovrshena-figura-od-lichnite-treneri-na-poznatite-07.jpg

Трејси Андерсон, тренерот на Алесандра Амбросио

Трејси е тренер и танчарка и покрај Алесандра, има соработувано со Џеј Ло и Жизел Бундшен. Таа прави комбинација од вежби и танцување, со што се активира целото тело.

Според неа, најважно е да обрнете внимание на следниве нешта:

  • Менувајте ја рутината на секои 10 дена за да можете да се придвижите до целта.
  • Правете вежби со ист интензитет за горниот и долниот дел од телото, за да направите пропорционална фигура.
  • Никогаш не вежбајте со празен стомак и во теретана понесете малку темно чоколадо за да си ја вратите енергијата.

soveti-za-sovrshena-figura-od-lichnite-treneri-na-poznatite-08.jpg

Никол Винхофер, тренерот на Мадона

Според Мадона, тренинзите на Никол ѝ помогнале да го добие телото од соништата. Никол е фитнес тренер, но нејзините програми за вежбање неретко вклучуваат и танцување.

Нејзините најдобри совети се:

  • Телото нека ви биде приоритет и секојдневно работете на него.
  • Одберете 3-4 песни што ви се допаѓаат и танцувајте на нив.
  • Споделете ја вашата цел со некој пријател кој ќе ви ги даде потребните поддршка и мотивација.

soveti-za-sovrshena-figura-od-lichnite-treneri-na-poznatite-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 вежби за рамен стомак, за почетници (видео) Со само 10 минути на ден, мотивирајте се да почнете да вежбате и да стигнете до ...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
14 мажи кои направија импресивна трансформација на телото со вежбање „Се чувствувам многу подобро. И не сум полуден по здрав начин на живот, само веж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg