Лични фитнес тренери откриваат: Како до фит фигура како на ѕвездите?

Кој не би сакал да го има телото на Бијонсе, Кристијано Роналдо или која било згодна, славна личност?

soveti-za-sovrshena-figura-od-lichnite-treneri-na-poznatite-01.jpg

Иако можеби гените на овие славни имаат голема улога во нивниот изглед, не треба да заборавиме дека нивната задача е секогаш да изгледаат беспрекорно.

А, за да успеат во тоа, тие најмуваат лични тренери, нутриционисти и што уште не.

Нормално, не сите луѓе  можат да си ги дозволат скапите тренери и програми за слабеење на славните, но секогаш можат да ги послушаат нивните совети.

Во продолжение можете да погледнете неколку совети за совршено тело од личните тренери на познатите:

Марко Боргес, тренерот на Бијонсе

Марко има завршено факултет за биологија и психологија, а ја започнал кариерата правејќи програми за вежбање и исхрана за спортисти. Нештата тргнале во нагорна линија кога бил најмен од Фарел Вилијамс. Набрзо потоа, пејачот го препорачал на неколку славни, вклучувајќи ги Џеј Зи и Бијонсе.

Според него, најважните совети за совршена линија се:

  • Ограничете го внесувањето на преработена храна со вештачки бои и конзерванси.
  • Секој ден вежбајте по 30 минути.
  • Избегнувајте ги засладените пијалаци и пијте вода, и чај и лимонада без шеќер.

soveti-za-sovrshena-figura-od-lichnite-treneri-na-poznatite-02.jpg

Харли Пасернак, тренерот на Гвинет Палтроу

Харли е експерт за исхрана и фитнес. Покрај Гвинет Палтроу, тој има соработувано со Аријана Гранде, Лејди Гага, Ријана, но и Адам Левин, кој има изјавено дека благодарение на него се чувствувал посилно и поздраво од кога било.

Според Харли, најважни се вежбите што ги изведувате во теретана, но и грижата за себе.

Неговите совети за тело од соништата се:

  • Движете се постојано и бројте ги чекорите. Препорачливо е да направите 10.000 чекори дневно во првата недела, 12.000 чекори дневно во втората, а крајната цел да ви бидат 14.000 чекори дневно.
  • Правете шејкови што се добри за метаболизмот и дигестијата и што го намалуваат апетитот. Неговата омилена комбинација е шејк од обезмастен јогурт, краставица, грозје, јаболка и спанаќ.
  • Секој ден правете пауза од телефон, смартфон или каква било направа со екран, бидејќи тие имаат лошо влијание врз спиењето, па дури и врз апетитот.

soveti-za-sovrshena-figura-od-lichnite-treneri-na-poznatite-03.jpg

Ерин Опреа, тренерот на Кери Андервуд

Ерин нагласува дека иако е важно да се храните здраво, животот е многу подобар со крофни. Според неа, умереноста е клучна за да направите некаква промена во животот. Со други зборови, одвреме-навреме дозволувајте си хамбургер, пица, сладолед и слично, но не претерувајте.

Нејзините главни совети се:

  • Пешачете почесто и одете пешки секогаш кога можете.
  • Внимателно читајте ги состојките на продуктите што ги купувате за да го контролирате внесот на шеќери.
  • Немојте да консумирате јаглехидрати после 4 часот попладне.

soveti-za-sovrshena-figura-od-lichnite-treneri-na-poznatite-04.jpg

Гунар Петерсон, тренерот на Клои Кардашијан

Петерсон бил тренер на неколку NBA кошаркари, па може да се каже дека е навистина подготвен. Тој има соработувано и со Клои Кардашијан, но и со Анџелина Џоли и Пенелопе Круз.

Ова се неговите најважни совети:

  • Секојдневно правете чучнувања.
  • Кога правите вежби за нозе, од голема помош е и качувањето и симнувањето по скали.
  • Не заборавајте да вежбате со музика која ќе ве мотивира.

soveti-za-sovrshena-figura-od-lichnite-treneri-na-poznatite-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg