Скршената рачка од џогер искористете ја за фит тело – 13 предлог вежби
-->
Нема потреба од теретана или скапа опрема за вежбање за да бидете во форма – некогаш ќе ви се најдат и предмети што веќе ги имате во домот.
Во продолжение можете да погледнете неколку забавни вежби кои можете да ги правите дома и со кои ќе ги активирате мускулите во целото тело. За овие вежби ви треба долг стап, а како замена можете да искористите рачка од метла или џогер.
-->
Вежба за грб, стомак и раце
- Раширете ги нозете повеќе од рамената.
- Ставете ја рачката на рамената и малку свиткајте ги колената.
- Свртете се на една страна што е можно повеќе, без да ги движите нозете, а потоа свртете се и на другата.
- Правете ја вежбата 30-секунди.
Вежба за раце и половина
- Раширете ги нозете малку повеќе од рамената.
- Со двете раце фатете ја рачката пред вас и малку свиткајте ги колената.
- Држете го грбот исправен и завртете се на едната, па на другата страна, слично како претходната вежба.
- Правете ја вежбата 30 секунди.
Вежба за половина, стомак и раце
- Фатете ја рачката со двете раце и раширете ги нозете колку рамената.
- Испружете ги рацете напред и наведнете се, па малку свиткајте ги колената.
- Завртете се на едната, па на другата страна без да ги движите нозете.
- Правете ја вежбата 40 секунди.
Вежба за нозе
- Раширете ги нозете колку рамената и ставете ја рачката на рамената.
- Кренете ја десната нога што е можно повисоко.
- Потоа кренете ја левата.
- Правете ја вежбата наизменично со двете нозе 40 секунди.
-->
-->
Вежба за стомак и нозе
- Застанете со малку раширени нозе и ставете ја рачката на рамената.
- Соберете го стомакот, свиткајте го левото колено и доближете го стапот.
- Повторете со другата нога.
- Правете ја вежбата 40 секунди, наизменично со двете нозе.
-->
Веслање
- Раширете ги нозете колку рамената.
- Фатете ја рачката пред вас со двете раце.
- Со рацете и рачката правете движења како веслање.
- Правете ја вежбате со 40 секунди.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер)
Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење
Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада
Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки)
Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите
Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма
За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
-->