Скршената рачка од џогер искористете ја за фит тело – 13 предлог вежби

Вежба за истегнување

  • Раширете ги нозете колку рамената.
  • Фатете ја рачката со двете раце пред вас.
  • Полека наведнете се напред, а притоа испружете ги рацете, па вратете се во почетната положба.
  • Правете ја вежбата 30 секунди.

13-zabavni-vezhbi-za-koi-kje-vi-treba-samo-rachka-od-metla-ili-dzhoger-08.jpg

Стомачни

  • Легнете на грб и фатете ја рачката со двете раце над главата.
  • Кренете го трупот и доближете ја рачката до колената.
  • Исправете се и кренете ги рацете со рачката врз глава, па вратете се во првобитната положба.
  • Правете ја вежбата 40 секунди.

13-zabavni-vezhbi-za-koi-kje-vi-treba-samo-rachka-od-metla-ili-dzhoger-09.jpg

Вежба за стомачни и нозе

  • Легнете на грб, фатете ја рачката со двете раце и испружете ги рацете над главата. Кренете ги и нозете.
  • Потоа кренете ја рачката, па наизменично спуштајте ги нозете - прво едната, па другата.
  • Правете ја вежбата 45 секунди.

13-zabavni-vezhbi-za-koi-kje-vi-treba-samo-rachka-od-metla-ili-dzhoger-10.jpg

Вежба за гради и раце

  • Раширете ги нозете повеќе од рамената.
  • Испружете ги рацете на страна, а во едната фатете ја рачката.
  • Спојте ги дланките пред вас и префрлете ја рачката од една во друга рака, и повторно испружете ги рацете од страна.
  • Повторувајте 40 секунди.

13-zabavni-vezhbi-za-koi-kje-vi-treba-samo-rachka-od-metla-ili-dzhoger-11.jpg

Вежба за рамена, раце и нозе

  • Раширете ги нозете малку повеќе од рамената и фатете ја рачката со двете раце пред вас.
  • Замавнете со рачката на едната, па на другата страна. При секое движење не ги одвојувате нозете од подот – само малку кренете ја петата.
  • Повторувајте 30 секунди.

13-zabavni-vezhbi-za-koi-kje-vi-treba-samo-rachka-od-metla-ili-dzhoger-12.jpg

Вежба за нозе

  • Потпрете се на рачката пред вас со левата рака, а десната ставете ја на половината.
  • Кренете ја десната нога странично еднаш малку, а вториот пат што е можно повеќе.
  • Направете 8 повторувања со секоја нога.

13-zabavni-vezhbi-za-koi-kje-vi-treba-samo-rachka-od-metla-ili-dzhoger-13.jpg

Чучнувања

  • Фатете ја рачката пред вас и застанете со раширени нозе.
  • Држејќи се за рачката, клекнете што е можно повеќе, па вратете се во првобитната положба.
  • Повторувајте 20 до 30 секунди.

13-zabavni-vezhbi-za-koi-kje-vi-treba-samo-rachka-od-metla-ili-dzhoger-14.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg