„Не сум обична бабичка!“ - 71-годишна жена крева тегови од 120kg и вежба 20 часа неделно

За некои млади луѓе, најинтензивната физичка активност е качување по скали кога не работи лифтот, но оваа бабичка и на 71 година нè изненадува со посветеноста кон вежбањето. Таа поминува 20 часа неделно во теретана, а може да крене тегови од 120 килограми.

Super-babicka-na-71-godina-vezba-po-20-chasa-nedelno-i-kreva-tegovi-od-120-kilogrami-Sega-se-chuvstvuvam-podobro-otkolku-pred-30-godini-01.jpg

Мери Дафи од Конектикат почнала да вежба на 59 години со цел да се ослободи од вишокот килограми. За една година изгубила околу 25 килограми и почнала редовно да крева тегови.

Сега, неделно поминува по 20 часа во теретана, а една сесија на вежби со тегови за неа трае и до 6 часа. Оваа супер-бабичка сега ги држи рекордите за кревање тегови на клупа - до 60 килограми, и во застаната положба - до 80 килограми.

Мери, која сега е во пензија, вели дека одела во теретана кога била помлада, но почнала посериозно да вежба дури на 59 години, кога починала нејзината мајка. Таа тагувала цели две години, поради што успеала да дојде до телесна тежина од 80 килограми, што, како што нагласува таа, било мошне неудобно за нејзината мала градба.

Super-babicka-na-71-godina-vezba-po-20-chasa-nedelno-i-kreva-tegovi-od-120-kilogrami-Sega-se-chuvstvuvam-podobro-otkolku-pred-30-godini-02.jpgМери пред да почне да вежба и денес

По една година изгубила околу 25 килограми, а нејзиниот личен тренер ѝ препорачал да почне да крева тегови. Благодарение на две сесии неделно, плус секојдневни кардиовежби и вежби за зајакнување на телото, таа се охрабрила да се пријави на првиот натпревар за кревање тегови во 2014-тата година, на возраст од 64 години.

„Почнав сериозно да одам во теретана пред 10 години, кога сфатив дека сум качила многу килограми. Се сеќавам дека ме погоди кога се погледнав во огледало и си реков: ’Ова не сум јас‘. Брзо почнав да губам килограми и сфатив дека колку повеќе вежбам, толку повеќе уживам во тоа, и тоа е така оттогаш до сега. Имам 71 година, но сега сум во подобра форма од кога било – изгледам и се чувствувам подобро, отколку кога имав 40 години“, вели Мери.

Таа додава дека луѓето често ѝ велат дека е премногу стара за да го прави тоа, но нејзиното мото е: „Ако не можеш да го вратиш часовникот, можеш да го превртиш.“

„Понекогаш се прашувам себеси зошто го правам ова, но коментарите на луѓето што велат дека ги инспирирам ги надминуваат негативните коментари и тоа ме тера да одам напред. Не сум обична 70-годишна жена и немам намера да се откажам сега“, вели таа.

izgledam-podobro-od-koga-bilo-71-godishna-baba-kreva-tegovi-od-120-kilogrami-i-vezhba-20-chasa-nedelno-02.jpg

Мери оди на натпревари двапати годишно. Досега има соборено 30 државни и светски рекорди во Интернационалната „пауерлифтинг“ асоцијација (International Powerlifting Association) како поради возраста, така и поради тежината.

„Колку повеќе вежбав, толку повеќе уживав во тоа. Може да биде тешко да ги развиете мускулите ако сте повозрасни, но сакав да ги гледам моите мускули како стануваат подефинирани и како станував посилна. Дури и сега, години подоцна, се гледам себеси како напредувам и тоа ме тера да продолжам понатаму.

Не сакам да изгледам како обична 70-годишна бабичка, бидејќи дефинитивно не се чувствувам така. Мислам дека нема да престанам со кревање тегови, освен ако апсолутно морам да го направам тоа. Дури и ако престанам да се натпреварувам, сè уште ќе вежбам и ќе се одржувам во форма“, вели Мери.

Super-babicka-na-71-godina-vezba-po-20-chasa-nedelno-i-kreva-tegovi-od-120-kilogrami-Sega-se-chuvstvuvam-podobro-otkolku-pred-30-godini-04.jpg

Во продолжение неколку видеа и фотографии од нејзиниот Инстаграм профил каде може да се види како изгледа еден нејзин вообичаен тренинг:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg