8 вежби за целото тело за кои ви треба само обична крпа

Вежба за нозе

Фатете ја крпата со двете раце и кренете ја над главата. Исправете го грбот и во исто време свртете го горниот дел од телото кон десно и кренете ја десната нога како на илустрацијата. После неколку повторувања, направете го истото на другата страна, со другата нога.

osum-vezhbi-za-celoto-telo-za-koi-vi-treba-samo-obichna-krpa-06.jpg

Вежба за задникот

Легнете на подот, свиткајте ги нозете и ставете ја крпата под стапалата. Поставете ги рацете покрај телото и подигнете го задникот. Со нозете турнете ја крпата кон напред, па вратете ја назад. Изведувајте ја вежбата побавно за да не се повредите.

osum-vezhbi-za-celoto-telo-za-koi-vi-treba-samo-obichna-krpa-07.jpg

Вежба за истегнување на нозете

Легнете на грб и свиткајте ги нозете. Фатете ја крпата од двете страни, кренете ја едната нога исправено и поставете го средниот дел на крпата на прстите од нозете, како на илустрацијата.

Со рацете влечете го стапалото кон вас сè додека не почувствувате затегнување во ногата. Држете неколку секунди, па повторете со другата нога.

osum-vezhbi-za-celoto-telo-za-koi-vi-treba-samo-obichna-krpa-08.jpg

Вежба за нозе

Застанете исправено – нозете треба да ви бидат во линија со рамената. Ставете ја крпата под едното стапало, па полека лизгајте ја кон назад. Свиткајте го другото колено и допрете го подот со коленото од задната нога. Потоа бавно вратете се во почетната положба. Направете неколку повторувања со двете нозе.

osum-vezhbi-za-celoto-telo-za-koi-vi-treba-samo-obichna-krpa-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg