Вежби за мајки, кои се изведуваат со помош на бебето
По породувањето, на многу мајки им е тешко да најдат време и да се одвојат од бебето за да вежбаат.

Овие вежби ги спојуваат мајчинството и фитнесот, вклучувајќи го и бебето во рутината.
Напомена: Правете ги овие вежби со бебето само доколку се чувствувате сигурно и доволно стабилно и фит, за да избегнете несакани ситуации.
Седнете со скрстени нозе и подигајте го бебето, за да ги затегнете мускулите на рацете. Задржете го бебето горе 30 секунди, па вратете се во првобитната положба.

Легнете како да правите стомачни, но подвиткувајте се само до половина, како би го затегнале абдоменот.

Легнете на грб, поставете ги нозете под прав агол и држете го бебето на нив. Повлекувајте ги нозете кон главата, а главата движете ја кон колениците, како на сликата.

Уште една вежба за затегнување на горниот дел од рацете, но во лежечка положба. Кренете го бебето, задржете 30 секунди, па вратете се во првобитна положба.

Чучнувањата може да бидет позабавни со дополнителна тежина – додека го држите бебето во кенгур. Повторете 5 до 10 пати.

Застанете исправено, земете го бебето цврсто во раце и правете 10 исчекори со едната, па 10 исчекори со другата нога.

Легнете, сместете се удобно и ставете го бебето ниско кај стомакот. Подигнувајте го задникот, додека не формирате триаголник со грбот и нозете. Повторете колку пати можете.

Чучнувањето со страничен исчекор ќе го изведете на следниот начин: застанете исправено, направете исчекор на страна со едната нога и чучнете. Вратете ја ногата и повторно исправете се во првобитната положба. Повторете со другата нога.

Истегнете се странично, додека бебето ви е пред вас.

Држете „plank“ позиција додека можете или додека бебето има трпение да ве гледа мирно. Секако, не мора да висите целосно врз детето за да избегнете несакани ситуации.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати?
Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“
„Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...