Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фитнес грешки што речиси сите ги прават со најпопуларните вежби

Ако сакате да ги зајакнете мускулите, да се ослободите од вишокот килограми или само сакате да го подобрите здравјето, вежбањето е секогаш одличен избор. Но во овој случај, многу е важно и правило да ги изведувате вежбите.

fitnes-greshki-shto-rechisi-site-gi-pravat-so-najpopularnite-vezhbi-01.jpg

Ако правите грешки, како искривување на грбот, не само што ја намалувате ефикасноста на вежбите, туку го зголемувате и ризикот од повреди.

Па, погледнете кои се најчестите грешки кај најпопуларните вежби, но и како да ги изведете правилно:

Ја влечете главата кога правите стомачни

Немојте да ја влечете главата со рацете и да го виткате вратот додека правите стомачни. Горниот дел од телото треба да го кренете со помош на стомачните мускули, а притоа грбот и вратот да ви бидат исправени.

Во спротивно ја намалувате ефикасноста на вежбата и го зголемувате ризикот од повреди.

najchestite-fitnes-greshki-kaj-najpopularnite-vezhbi-02.jpg

Ги кревате стапалата кога правите мост

Оваа вежба е одлична за задникот, но за да ја изведете правилно, немојте да ги поткренувате стапалата од подот.

Наместо тоа, притискајте со целото стапало на подот додека го кревате задникот.

najchestite-fitnes-greshki-kaj-najpopularnite-vezhbi-03.jpg

Ги собирате колената кога правите чучнувања

Многу е важно како ќе ги поставите клекната кога правите чучнувања.

Немојте да ги доближувате едно до друго, туку осигурете се дека се во иста линија со стапалата. Кога, пак, клекнувате, наведнете се и малку напред.

najchestite-fitnes-greshki-kaj-najpopularnite-vezhbi-04.jpg

Правите склекови со раширени раце

Ако правите склекови со раширени раце, тогаш не ги изведувате правилно.

За вежбата да биде ефикасна треба да ги споите плешките, а лактите да ги поставите што е можно поблиску до телото.

najchestite-fitnes-greshki-kaj-najpopularnite-vezhbi-05.jpg

Уште четири грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Една недела ги правев интензивните вежби на Меган Фокс – што ми се допадна, а што не?“ „Ова е мошне ефективен начин на вежбање и лесно може да се вклопи во густиот рас...
10 секојдневни навики кои ќе ви помогнат да се движите повеќе (и да направите 10.000 чекори) Одете на работа пеш или симнете се неколку станици порано, искористете ја паузат...
8 чести грешки на кои треба да обрнете внимание кога правите чучнувања за да ги избегнете повредите Го искривувате грбот, не клекнувате доволно, ги кревате петите – сигурно правите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg